Опозицијата сè погласно зборува за бојкот, радикализација и за протести

-

Дали во наредниот период нè очекува радикализирање на отпорот и нов 17 мај ако владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остане на ставот предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април?

Ако се суди според изјавите на некои политичари, како Лилјана Поповска и Стево Пендаровски, но и по најавата на  75. невладини и граѓански организации – да!

Претставниците на граѓанскиот сектор му пишаа на еврокомесарот Јоханес Хан и на другите „странци“, дека без исполнување на условите за слобдни, фер и демократски избори, а за кои е нужно поместувањето на датумот, граѓанските активисти ќе немаат друга опција освен да повикаат на бојкот на изборите закажани за 24 април и на масовни протести против „режимот“.

– Во услови кога не се остварени основните реформски препораки и кога не се изведени пред лицето на правдата учесниците во изборен криминал, сметаме дека е скандалозно едностраното, самоволно и противуставно донесување одлука за одржување избори на 24 април 2016 година, од страна на Собранието на РМ, во отсуство на поголемиот дел од опозицијата. Не помалку скандалозно е и неосудувањето на ваквата еднострана одлука од Европската комисија – изјави денеска Билјана Бејкова од „НВО Инфоцентар“.

Излегувањето на масовни протести, неодамна мошне отворено го навестија и дел од партиите и од организациите што дејствуваат како опозиција, откако по посетата на Хан на земјава на 15 јануари, политичката состојба повторно стана драматична.

Претседателката на Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска, на гостувањето во емисијата „Топ-тема“ на „Телма“, во петокот минатата недела, рече дека ќе се придружат на какви било протести организирани од опозицијата.

– Ние ќе се придружиме на какви било протести организирани од опозициони актери и ќе учествуваме во таа борба за да се избориме за датум што ќе овозможи создавање минимум нормални услови за избори, на кои опозицијата ќе оди – рече Поповска во „Топ-тема“.

Стево Пендаровски, кој беше активен во рамките на платформата „Граѓаните за Македонија“ и кандидат на СДСМ за последните претседателски избори, на симболичен начин, на својот твитер-профил, алудираше на нови протести.


„Изгледa декa нoвиoт 17 мaј дoaѓa! „Грaѓaните зa Мaкедoнијa“ вo коалицијa „Зa спaс нa Мaкедoнијa“, напиша на 19 јануари Пендаровски на „Твитер“.

Протестите што се одржаа на 17 мај минатата година, на булеварот Илинден пред зградата на Владата, беа кулминација на граѓанско-опозициската коалиција против власта во земјава.

По протестот истата вечер, на булеварот пред Владата беше поставен камп, кој беше демонтиран по точно три месеци, откако лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот Хан, постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...