fbpx
Таг: протести

таг: протести

Немири во Атина на протестот за Григоропулос

Атина пламна во експлозии на молотови коктели и потона во солзавец за годишнината од убиството на Алексис Григоропулос. Протестот за убиството на Григоропулос во 2008 година, кое стана симбол за борбата против полициското насилство, ескалираше во атинскиот кварт Ексархија и доведе до 35 приведени лица и 13 уапсени. Во борбите меѓу демонстрантите и полицијата и размената на молотови коктели, камења...

Светските лидери се собираат во Париз, на Самитот на ОН за климатските промени

Лидерите на речиси 150 земји од светот се собираат во Париз на Самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува утре (30 ноември), јавуваат светските медиуми. На 21. сесија на Конференцијата на членките (COP 21), светските лидери, меѓу кои и претседателите на САД, Кина, Индија и на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), како најодговорни за емисијата на штетни гасови, ќе...

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми. Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува со солзавец и водени топови...

Демонтирана бомба пред Уставниот суд на Косово

Рачна граната денеска е пронајдена во дворот на Уставниот суд на Косово, соопштија полициски претставници, додавајќи дека експертските тимови успешно ја демонтирале со „контролирана експлозија“. Зградата на Уставниот суд на Косово е во близина на зградата на владата и е опколена со полиција и со припадници на единицата за демонтирање бомби. Претходно, косовската полиција го уапси Доника Кадај-Бујупи, под сомневање дека во...

Битолските средношколци со едноминутно молчење за „мртвото образование“

Едноминутно молчење за „мртвото образование“ посветија битолските средношколци на денешниот марш против реформите на Владата во образованието. Се молчеше токму пред вратите на Општината, каде средношколците ги пречека полицијата. Стотина средношколци маршираа по Широк сокак и бараа да се врати стариот начин на полагање матура и да се укине екстерното тестирање. На Широк сокак ги повикуваа битолчани да го остават...

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“. Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во...

Базата на САД останува на Окинава и покрај протестите

Јапонија денеска повторно почна со градежните работи за да ја премести американската воздухопловна база на островот Окинава, и покрај протестите на локалното население. Градежните работи во заливот Хеноко се продолжени откако полицијата ги растера демонстрантите што се обидоа да го блокираат пристапот до тоа подрачје. Властите планираа да ја префрлат базата во помалку развиена област на Окинава, но локалните жители сакаат американската...

Средношколци испратиле претставки до Народниот правобранител

Средношколци анонимно се жалеле до Народниот правобранител за притисоци и за закани од раководствата на училиштата, објави „24 Вести“. Како што велат од канцеларијата на омбудсманот, претставките од средношколците се затоа што децата биле попречени да одат на протест. Правобранителот Иџет Мемети вели дека ќе ги разгледа претставките и ќе отвори постапки. „Новите законски решенија во образованието мора да се носат заедно...

Европската унија апелира на дијалог во Црна Гора

Делегацијата на Европската унија во Црна Гора изрази загриженост поради судирите меѓу полицијата и демонстрантите, за време на протестите во Подгорица и апелираше на враќање на политичкиот дијалог. - Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстрациите претставуваат легитимен и легален начин на изразување на политички и...

По бурната ноќ со демонстрантите, мирно утро во Подгорица

Нередот во центарот на Подгорица по демонстрациите организирани од опозицискиот Демократски фронт, траеше до доцна во ноќта. Припадниците на специјалната антитерористичка единица ги растерувале демонстрантите и брутално се пресметувале со поединци и со групи, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“. Во Подгорица утринава е мирно. Протестите кои почнале во 19 часот, по неколку часа се претвориле во судир на демонстрантите со полицијата, која...

За властите и зеленилото и безбедните улици се политика, а таа е само нивна

„Политика“ е кога се штити зеленило, кога се инсистира на безбедни улици, кога се бараат хигиена и реформи во образованието. А со политика и со собирање политички поени смеат да се занимаваат само претставниците на владејачката партија. Ова може да се заклучи од нивните изјави кога изминатава недела неколку граѓански иницијативи беа прогласени за „политика“ - како да е тоа непристоен...

Млекарите го блокираа Брисел

Голем број трактори, кои пристигаат на масовниот протест на произведувачите на млеко, најавен за денеска, во текот на ноќта го парализираа Брисел, а главните сообраќајници се затворени. Белгиските млекари, кои протестираат поради ниската цена на млекото, планираа да донесат 5.000 трактори, а доаѓањето на првата група машини веќе предизвика затворање на главните тунели и авении што водат кон центарот на градот. Млекарите...

Жестоки судири на протестите во Киев

Неколку десетини полицајци, новинари и граѓани се повредени во силната експлозија што се случи за време на протестите пред зградата на украинскиот парламент во Киев. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите избија откако парламентот ги одобри уставните измени, со кои на источните региони на земјата им се дава посебен статус и децентрализација од државата. Амандманите ги предложи украинскиот претседател Петро Порошенко. Репортерите јавуваат...

Протест во Финска поради примањето азиланти

Околу 200 Финци протестираа денеска против отворањето центар за прием на бегалци во градот Сало, некогашно седиште на телекомуникацискиот гигант „Нокиа“. Демонстрантите сметаат дека прифатниот центар, кој е планиран во делумно испразнета болница, претставува безбедносен ризик, особено за децата и за жените. - Сè e земено од невработените, сиромашните и од болните. Сè е испразнето. Доколку центарот се отвори, ќе дојде до...

Продолженa вонредната состојба во Фергусон

Властите во округот Сент Луис ја продолжија вонредната состојба во градот Фергусон за уште најмалку 24 часа. Вонредната состојба беше воведена три дена по избувнувањето на насилните протести за време на одбележување на годишнината од смртта на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун, кој беше убиен од бел полицаец. Протестите од понеделникот се многу помирни и во последните 48 часа никој не е...

Продолжуваат протестите на француските фармери поради цените на храната

Француските фармери денеска ги блокираа патиштита и ги запираат камионите што превезуваат земјоделски производи од Германија и од Шпанија, протестирајќи поради „нефер“ ценовната конкуренција, јавуваат медиумите. Фармерите, во неделата доцна вечерта, повторно ги паркирале своите трактори на неколку патишта во близина на границата со Германија и со Шпанија, протестирајќи против цените на храната. Протестите на незадоволните земјоделци траат една недела, поради...

Турски студент го извршил бомбашкиот напад во Суруч

Дваесетгодишен турски студент е идентификуван како извршител на самоубиствениот бомбашки напад што во понеделникот се случи во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, а во кој загинаа 32 лица, соопштиле денеска властите во земјата, пренесуваат медиумите. Напаѓачот, кој според локалните медиуми бил именуван како Сејх Абдурахман Алагоз, бил со курдско етничко потекло од југоисточната провинција Адијаман и, според...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани - Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места. Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на градоначалникот на општината, а го има и во програмата на Општината за 2015 година. Патот, како...

„Хјуман рајтс воч“ со осуда за полициската бруталност на протестите на 5 мај

Реномираната организација за човекови права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), денеска ги објави резултатите од истрагата за полициската бруталност на протестите на 5 мај во Македонија. ХРВ интервјуирале седум лица уапсени на протестите, од кои еден новинар, кој бил приведен додека ја извршувал својата работна задача. Од организацијата сметаат дека македонската полиција употребила прекумерна сила за време на протестите. „Да се тепаат луѓе е...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...