fbpx
Таг: протест

таг: протест

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет. Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот на зградата на МОН поради,...

Сопругата на Стојанче Ангелов нападната на вчерашниот протест

Јасминка Ангелова, сопругата на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, вели дека синоќа била нападната од полицаец додека траел протестот пред Обвинителство. - Вчера, за време на протестите, на мостот кај Обвинителството, стоеја колеги од јавен ред и мир и кога се приближивме со граѓаните до нив, еден од колегите ме препозна и ме повика. Се приближив до него да се...

Протести во осум градови, демонстрантите ги менуваат методите?

Протести против полициската бруталност за денеска се најавени во повеќе градови. Граѓаните се организираат во Штип, Охрид, Куманово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и во Скопје. Секаде ќе се протестира против полициската бруталност, со барање за расветлување на убиството на Мартин Нешковски и за нова истрага за сообраќајната несреќа во која загина Никола Младенов. Демонстрантите деновиве размислуваат и за промена на методот...

Мирно заврши и денешниот протест против полициската бруталност во Скопје

Мирно и без насилство завршија денешните протести против полициската бруталност во Скопје. Демонстраните полека почнаа да се повлекуваат од пред Собранието на Република Македонија, каде завршија по денешната рута од Владата, преку Јавното обвинителство. На протестот пред Собранието и вечерва се појавија петмина провокатори, но демонстрантите ги исвиркаа по што тие се повлекоа. Протестот почна пред Владата на Република Македонија, но поради полициските...

Прилепчани повторно протестираат против полициската бруталност

По вчерашниот масовен протест против полициската бруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата која бара оставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се одржа продолжение на протестот. Поголема група граѓани протестираа низ улиците во центарот на градот, пред полициската станица и пред зградата на...

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието. Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата. - Утре изминува 25. ден од бојкотот на наставата и...

Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика да ги симнат панцирите и оружјето и...

Денеска повторно протест против полициската бруталност

Денеска во 18 часот, пред Владата, е планирано да се одржи третиот по ред мирен протест на граѓаните кои бараат одговорност за трагичната смрт на Мартин Нешковски. Демонстрантите вчера беа спречени да протестираат пред зградата на Владата и се упатија кон Собранието. И за денеска е договорено да се направи истиот обид.

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител. - Од...

Денеска во 18 часот втор протест во Прилеп

По вчерашниот масовен протест против полициската брруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата што бара отставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се организира продолжение на протестот. По неколку несакани моменти, каде провокатори се обидоа да предизвикаат инциденти со полицијата, обид кој навремено беше спречен...

Средношколците денеска во 17 часот на нов протест пред МОН

Средношколците денеска, во 17 часот, пред Министерството за образование и наука ќе имаат нов протест против лошите реформи во образованието. - Ќе се собереме денеска повторно на протест пред МОН, заедно со нашите родители и наставници, од кои имаме голема поддршка. Сè уште не сме договорени дали ќе имаме некаков перформанс или само мирно ќе протестираме – вели средношколецот Александар...

Се шират информации за контрапротести

Информации и идеи за контрапротести почнаа да се шират на социјалните мрежи, но и наши извори, неофицијално, велат дека општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ засилено се подготвуваат за контрапротест. Како што велат тие, во комитетите дури се подготвуваат и списоци за контрапротести. Потврда за ова е и говорот на премиерот Никола Груевски на вчерашното гостување во вестите на телевизија „Сител“. Премиерот...

Демонстрантите се заложници на мала група која сака инцидент

Група од дваесетина демонстранти сакаат да исценираат инцидент, реагираат демонстрантите кои се за мирен протест. Тие велат дека се заложници на една група која сака да предизвика немири. Како што јави нашиот репортер, групата фрла со шишиња, со боја и со камења кон полицијата.

Протести за Мартин Нешковски и во Битола

Протести поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски се одржуваат и во Битола. Поголема група граѓани тргнаа од фонтаната во центарот на градот и преку Широк сокак, се уаптија до МВР. Битолчани масовно излегоа на денешениот протест, a во моментов толпата е пред зградата на Општината, од каде протестантите бараат оставка од Владата и од локалната власт. „Бомбата“ на опозицијата за...

Демонстрантите тргнаа кон Собранието

Демонстрантите од пред Владата на Република Македонија, поради блокадата, решија да го променат местото на протест и се упатија кон Собранието. Процените се дека на улиците има повеќе од илјада лица и повеќе стотини полицајци. Полицијата не ги пушти демонстрантите да протестираат пред Владата, а кордон од специјални единици го блокираше придот на раскрсницата помеѓу булеварите Свети Климент Охридски и Илинден. На протестите...

Средношколците ги фрлија униформите пред МОН

Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН. - Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од нашата борба и од нашите...

Полицијата го блокираше приодот кон Владата

Полицијата денеска не ги пушти демонстрантите да протестираат пред Владата на Република Македонија. Кордон од специјални единици го блокираше приoдот на раскрсницата помеѓу булеварите Свети Климент Охридски и Илинденска. На протестите се приклучија и студентите од „Студентски пленум“, но просторот кој им е оставен за протестирање е мал и нема многу простор за движење. За денеска во 18 часот повторно беше најавен протест...

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот. На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира. Кордони и полициски возила можат да се видат на речиси секоја уличка во...

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, лицето е приведено, дало...

Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани. - При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...