fbpx
Таг: протест

таг: протест

Откажаа дел од превозниците за штипската опозиција

Од повеќе локации во Штип тргна конвојот со неколку стотина приватни возила на протестот во Скопје. Услугите ги откажаа дел од превозниците, на кои им било платено. Од планираните 25 автобуси, останаа десет, на кои претпладнето се качија граѓани и членови на опозициските партии. Претседателот на штипската организација на СДСМ, Владимир Милошев, рече дека со многу проблеми се одивала организацијата,...

Повеќe од 3.000 битолчани тргнаа на протест во Скопје

Повеќе од 3.000 битолчани тргнаа на пат за Скопје да го поддржат митингот на опозицијата. Во долгата колона од Битола, се 19 автобуси, 14 минибуси и 300 автомобили со битолчани кои ќе го поддржат митингот во Скопје. Ниту еден од битолските превозници не се нафати да вози за опозицијата. Под изговор дека се на тешка мака и силни притисоци, синоќа...

Демонстрантите и вечерва побараа оставка од Владата

Активистите од граѓанското движење „Протестирам“ и  вечерва побараа оставки од Владата и ослободување на сите активисти кои се притворени поради учество на протестите што се одржаа на 5 мај. Демонстрантите вечерва останаа пред Влада и ја немаа вообичаената маршута Влада - Основен суд 1 - Собрание. И денеска протестите, наместо пред Владата, се одржаа кај крстосницата на булеварот Климент Охридски. Демонстрантите утре ќе протестираат...

Груевски: Ќе ја промениме локацијата на собирот в понеделник

Нема да дозволиме насилство на протестот што ќе го организираме, истакна денеска премиерот Никола Груевски на гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“. - На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Попоски го замоли Заев ако може в понеделник, тие што планира да ги остави во шатори, неколку часа да се дислоцираат, бидејќи ние таму го планиравме протестот - за да...

Заев: Јас ќе бидам постојано на протест, освен кога ќе бидам на преговори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска информираше дека владејачката партија веќе поставила приклучок за својот митинг на истата локација каде што утре ќе се одржи масовен граѓански собир. - Значи, тие планираат да дојдат на истата локација иако знаат дека ние ќе бидеме таму. Јас ќе бидам постојано таму, освен во периодот кога ќе бидам на преговори. Но, апелирам до...

Заев: 4.600 граѓани сакаат да кампуваат пред Влада

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција на која ја објави  „32. бомба“, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека 4.600 граѓани кажале дека за нив протестот нема да заврши в недела и дека се спремни да кампуваат на улица. Заев истакна дека власта им прави опструкции  за задушување на протестот, но посочи дека СДСМ нема да го дозволи тоа и дека протестот...

Прилепчани се подготвуваат за протестот в недела во Скопје

Голем број прилепчани најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш на „Граѓаните за Македонија“, в недела во Скопје, велат од општинската организација на СДСМ во Прилеп. Според Хари Локвенец, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. – Ги преземаме сите мерки да се организираме за мирниот протест во Скопје. Сите разговори со стопанственици и со превозници,...

Провладините медиуми „предвидуваат“ украинско сценарио в недела

Подготовки за хаос на опозицијата по скопските улици или обид на власта преку медиумите блиски до неа да ги демотивира и исплаши граѓаните кои планираат да бидат дел од големиот протестен собир закажан за недела, 17 мај. Дел од порталите и од провладините медиуми веќе на големо и во зачестени интервали пишуваат и емитуваат прилози во кои повикувајќи се на...

Превознички маки и сопки за митингот на опозицијата в недела

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола. Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. - Ги преземаме сите мерки...

Објавен промотивен видеоспот за протестот в недела

Граѓанската и натпартиската коалиција „Граѓаните за Македонија“ објавија неколку најавувачки видеоклипови за протестот што ќе се одржи в недела, на 17 мај. „Ние, „Граѓаните за Македонија“, го најавуваме големиот граѓански и натпартиски протестен собир, в недела, на 17 мај, со почеток во 14 часот, пред Владата на Република Македонија. Се здружуваме во масовен и ненасилен протест со кој бараме оставки, мир и...

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг в понеделник, 18 мај

На вчерашната средба на лидерите на владината коалиција „За подобра Македонија“, донесена била одлука за одржување на голем митинг на 18 мај во Скопје, пишува „Дојче веле“. Некои од лидерите на коалицијата биле против одржувањето на ваков митинг само еден ден по најавениот собир на СДСМ. Сепак, на крајот бил прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување митинг на 18 мај.

Ричард Ховит во Скопје на 17 мај

Групата на социјалдемократите во Европскиот парламент го потврди своето учеството во маршот на 17 мај во Скопје, во знак на поддршка за народот во нивната битка за демократија и за транспарентно владеење, се наведува во нивното соопштението. Ричард Ховит, кој, инаку, е и еден од посредниците во дијалогот што се води во Европската унија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе биде присутен...

„Протестирам“ пред Собрание во 13 часот

Прес-конференција во 13 часот ќе одржи самоорганизираното граѓанско движење „Протестирам“. Преку соопштение, здружението извести дека сметаат оти оставките се победа на граѓаните. Тие бараат: Итна оставка и преземање на политичка и на правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење; Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму; Формирање влада за демократизација на институциите...

Пред Владата и денеска се бараа оставки

Голем број граѓани и денеска се собраа пред Владата за да го изразат својот револт. Со исвиркување и со транспаренти, тие побараа оставка на Владата, ослободување на притворените активисти и формирање преодна или техничка влада. - Ако до вчера бевме движење „Стоп за полициска бруталност“, сега сме движење за барање оставка од Владата која дозволи да загинат осум луѓе и...

СДСМ: Протестот ќе се одржи в недела, во 14 часот

На 17 мај, во 14 часот, ќе се одржи голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, соопштија денеска од СДСМ. - Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите што ѝ мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест. Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот...

СДСМ, сепак, ќе го одржи протестот в недела

Најавениот протест на СДСМ, сепак, ќе се одржи в недела, најверојатно во 14 часот. Изворите на „Мета“ оставаат можност раководството на партијата да ја промени одлука за времето на одржување на протестот. Како што дознаваме, синоќа се одржал состанок на Советот на партијата, во кој членуваат основачите на СДСМ, како и седница на Градската организација на партијата. И во двете тела мнозинството одлучило протестот...

Мирни собири во 23 града за благодарност и за поддршка на безбедносните сили

Мирни собири за поддршка на македонската полиција се најавени денеска во 19 часот, во 23 градови низ Македонија, со кои граѓаните сакаат да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата. Од друга страна, Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести секој ден, во 18 часот, пред Владата и бара мир, правда, демократизација на институциите и оставка...

Меѓу приведените за протестите има и студенти од Прилеп

Неколку прилепчани се помеѓу приведените деветмина студенти на кои вчера им беше изречена мерка притвор, за протестите што се одржаа минатата недела во Скопје. Уапсените девет студенти се товарат за учество во толпа и за спречување полициски службеник во работата. Студентите, меѓу кои има и студенти од Прилеп, вчера биле изнесени пред истражен судија и издадена им била мерка притвор. Хелсиншкиот комитет упатува апел...

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја...

Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

Стотина граѓани се собраа на протест против полициската бруталност пред Владата. Полицискиот кордон, составен од обични полицајци, а не специјалци, не ги пушта да поминат кон зградата на Владата. Насобраните велат дека се таму за да го изразат револтот од неразјаснетото убиство на Мартин Нешковски. Од Владата тие се упатија кон Мисијата на Европската унија. Претхотдно со едноминутно молчење им одадоа почит на,...