fbpx
Таг: протест

таг: протест

„Средношколски пленум“ го поддржа протестот на наставниците

„Средношколски пленум“ ќе го поддржи најавениот протестен марш на „Наставнички пленум“, против лошите реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија во последните неколку години. „Протестниот марш ќе се одржи в недела, на 31 мај, со почеток во 16 часот, со собирно место кај катната гаража „Македонска фаланга“ на улицата Св.Кирил и Методиј во Скопје, на местото на поранешниот Цветен пазар. Затоа...

Протестен марш од Влада до Министерство за култура против „Скопје 2014“

Членови на СДСМ денеска во 18 часот маршира од кампот на слободата од Владата до Министерството за култура во знак на протест против проектот „Скопје 2014“. По маршот, во кампот се одржа дебата на која зборуваа Илија Николовски од Партија на пензионерите, Станислав Пипан, универзитетски професор, Максим Димитриевски од СДСМ и Горан Мисоски од НСДП.

Битолчани во шатори го чекаат Талески да ја потпише оставката

Педесетина битолчани, млади и повозрасни, ноќва ја поминаа будни пред Општина Битола, барајќи оставка од градоначалникот Владимир Талески. Тие поставија шатори на булеварот 1 Мај, од мостот на Драгор до влезот на Општината. Заедно со граѓаните, ноќта будни останале и седум полицајци што го обезбедувале просторот. Оставката е напишана од членовите на здружението „За нас се работи“ и, како што велат, Талески...

Опозицијата, граѓани и активисти повторно маршираа и бараа оставки од власта

Претставници на најголемата опозициска партија СДСМ, граѓани, активисти и луѓе од кампот поставен пред зградата на Владата, вечерва со получасовен протест и со марш го искажаа својот револт од политиките на актуелната власт и побараа нејзина оставка, јавува „Нова ТВ“. - Сакаме со овој протест да ги потсетиме премиерот и министрите дека надвор им се случува огромен револт - изјави...

Битолчани излегоа да протестираат и да бараат оставка од Талески

Неколку илјади битолчани вечерва излегоа на протестот на кој битолските еколози од здружението „За нас се работи“ ќе бараат оставка од градоначалникот Владимир Талески. Толпата демонстранти која се наоѓа пред седиштето на Општина Битола, извикува „уа“, скандира „оставка“ и ги вее транспарентите со натпис „Сиктер за Талески“. Најголем дел од насобраните граѓани и активисти се млади луѓе, но меѓу нив има и...

„Наставнички пленум“ на протест в недела

Наставниците од „Наставнички пленум“ в недела ќе излезат на мирен протест пред Министерството за образование и наука под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“. Протестот, според пленумот, е најавен во знак на револт поради почнување на екстерното тестирање без да се земат предвид сите забелешки и напори направени во изминативе месеци да се оспори процесот. „Овој протест не е да...

Заев се сретна со амбасадорот на Италија, Масимо Белели

Зоран Заев, придружуван од Лидија Димова, денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министерството за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио, придружуван од амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели. Како што соопштија од СДСМ, тема на разговорот била актуелната политичка криза во земјава и шансите низ дијалог да се дојде до решение. Заев...

Трите прста од митингот на Груевски ги навредиле Грците

Собирот на Никола Груевски беше полн со провокации и со навреди против Грција. Ова го пишува грчкиот весник „Прото тема“, анализирајќи го собирот на приврзаниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според весникот, премиерот Никола Груевски и преку овој собир покажува дека се обидува да поентира на националистичката карта и така да се одржи на власт. Бројните знамиња со сонцето од Вергина и...

„Твитер“ откачи: Контра добро утро, контраграѓани

Најновиот бисер во македонската политичко-забавна сцена - појавата на кампови и контракампови - предизвика експлозија сатирични реакции на „Твитер“. Уште малце ќе почнат да возат у контра правец. — Твитагора (@Tvitagora) May 19, 2015 Дали премиерот е во контра-кампот или чека да му дигнат барокен шатор? — Ајви (@LeelooDallasMul) May 19, 2015 Можеби и кога ќе банкротира Македонија, Груевски ќе организира контрабанкрот. — levraipessimiste (@therealpsmst) May...

Граѓаните од „Протестирам“ денеска ќе кампуваат пред Влада

Околу 50 граѓани и денеска се собраа пред Владата да побараат оставка од премиерот Никола Груевски. Тие денеска нема да имаат маршрута на движење, туку ќе останат заедно со граѓаните што кампуваат пред Влада за да го искажат својот револт. Од „Протестирам“ велат дека за денеска го промениле начинот на протестирање затоа што не сакаат да се сретнат со граѓаните што ќе бидат...

Ние имаме време да бидеме тука, Груевски нема, велат камперите пред Владата

Шатори, ќебиња, маси, столчиња - атмосферата пред Владата потсетува на летен камп. Камперите утринава се весели и расположени, пиеја кафе и појадуваа. „Кампот“ е исчистен од вчерашната забава, на асфалтот не може да се види ниту едно пластично шише или, пак, хартија. - Нема да си заминеме сè додека премиерот не даде оставка и си замине од функција. Не е државата наследство...

Пред Владата се местат сепареа, шанкови и столови

Граѓаните што протестираат пред Владата донесоа сепареа, маси, столови и шанкови, а се мести и бина на која треба да настапи диџеј. Поставени се и неколку шатори, но дел од демонстрантите лежат и на лежалки. Булеварот Илинденска и натаму е блокиран. Дел од граѓаните кои протестираа ќе останат да спијат пред Владата, како што најавија, сè до заминувањето на Никола Груевски од власт.

Твитер-реакции: Денеска ја видовме желбата за слобода

Протестот „Граѓаните за Македонија“, кој помина мирно и без инциденти, наиде на поддршка од твитер-заедницата. Слики и објави со информации и со цитати од говорите на излагачите се твитаа во реално време. Таман ќе си речеш ах колку убав народ живеел тука и утре ќе го видиш грдото лице на Македонија #протестирам #Доаѓаме #долувлада — kiki box (@box_kiki) May 17, 2015 Има разлика...

250 битолчани се пријавиле да ноќеваат пред Владата

Повеќе од 250 битолчани ноќеска остануваат пред Владата во Скопје. На повикот на опозицијата во општинската организација на СДСМ во Битола, првично се пријавиле околу 200 приврзаници и симпатизери на опозицијата, но по денешниот протест во Скопје, уште педесетина битолчани пројавиле желба ноќеска да останат и да кампуваат пред Владата, потврди за „Мета“ пратеникот и лидер на СДСМ во...

Заев порача од протестот: Груевски не одолговлекувај, заврши твоето, оди си!

„Дојдовме по нашата иднина. Испраќам конкретна, јасна порака во име на сите нас овде, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, од различни страни на Македонија, од различни граѓански здруженија, сојузи и разни политички партии. Груевски не одолговлекувај и самиот гледаш дека твоето заврши. Оди си! Оди си!“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот протест во Скопје. Тој на почетокот...

Европратениците побараа враќање на демократијата

Активистката Марија Џонс „на сите неопределени и на сите што се парават наудрени“ им упати порака дека улицата сама ќе им покаже дека не живееме само во политичка криза туку во длабока општествена криза. - Треба да ги вратиме институциите. Ќе бараме укинуваме на неправедните закони - закон за хонорарци, сите закони за образование, затоа што никој не верува во нив. Барам...

Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат и го тероризираат народот

Оставки и конечна слобода на македонскиот народ бараат граѓаните што денеска се собраа во Скопје да протестираат. - Доаѓаме од Куманово, од местото каде што направија војна за да ги задоволат своите болни умови. Бараме да си одат, но не да земаат сè со себе за да може да се надомести штетата на граѓаните. Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат...

Голем број граѓани Албанци од Полошко тргнаа кон Скопје на протест

Повеќе од 2.000 граѓани од полошкиот регион му дадоа поддршка на граѓанскиот протест, кој попладнево ќе се одржи во Скопје. Голем дел од нив беа припадници на албанската етничка заедница. Околу триесетина автобуси од две приватни фирми тргнаа кон Скопје, а останатите учесници на протестот заминаа со автомобили и со комбиња. Превозниците велат дека немале притисоци да ги откажат линиите закажани...

Бина, вода, озвучување – сè е спремно за големиот граѓански митинг

Во близина на Владата, на крстосницатата на булеварите Илинден и Климент Охридски, веќе е поставена бината за денешниот граѓански митинг. На неколку места поставено е и озвучување, а на десетина локации наредени се купови вода во шишиња. Околу Владата од двете страни има големо полициско обезбедување. Полицајците се седнати на тревникот околу објектот на Владата и на клупите од спротивната улица. Пред бината...

Најмалку 1.000 охриѓани на митингот на опозицијата денеска во Скопје

Најмалку 1.000 охриѓани, членови и симпатизери на опозицијата, ќе патуваат денеска на протестот на опозицијата во Скопје. - Колку што притисоците се поголеми, толку се поголеми и револтот и мотивот за патување во Скопје. Сведоци сме на закани и на директни јавувања на високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, особено на локалните пратеници, за откажување автобуси, сеедно што беа авансно платени и...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...