fbpx

Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат и го тероризираат народот

-

Оставки и конечна слобода на македонскиот народ бараат граѓаните што денеска се собраа во Скопје да протестираат.

– Доаѓаме од Куманово, од местото каде што направија војна за да ги задоволат своите болни умови. Бараме да си одат, но не да земаат сè со себе за да може да се надомести штетата на граѓаните. Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат и го тероризираат народот. Очекуваме подобра иднина за нас и за нашите деца – вели Светлана Николиќ.

nikolc svetlana

– Сакаме да си оди оваа криминална банда затоа што го опустоши народот, ја опустоши земјата. Се надевам дека ќе дојде некој подобар, кој ќе може да ја оправи оваа држава. Нашите деца повеќе да не заминуваат надвор, иднина да бараат во сопствената земја – ни изјави Изеир Кампери од околината на Скопје.

izeir kamperi

– Дојдовме тука за да го натераме режимот да сфати дека повеќе не ги сакаме на власт. Дојдовме тука за да кажеме дека иднината на младите во Македонија е уништена. Дојдовме тука затоа што очекуваме да си заминат. По девет години уништување, конечно, се надеваме дека ќе има доблест да си заминат за да може овој кримал да запре – вели Маријана Рогожароска од Штип.

Marija rogozarovska

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...