fbpx

Ричард Ховит во Скопје на 17 мај

-

Групата на социјалдемократите во Европскиот парламент го потврди своето учеството во маршот на 17 мај во Скопје, во знак на поддршка за народот во нивната битка за демократија и за транспарентно владеење, се наведува во нивното соопштението.

Ричард Ховит, кој, инаку, е и еден од посредниците во дијалогот што се води во Европската унија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе биде присутен на маршот.

„Се надевам дека нашето присуство ќе промовира мирна атмосфера по насилствата минатата недела и дека ќе испрати силна порака до Европа и до меѓународната заедница дека актуелните случувања не смеат да дозволат враќање кон меѓуетничко насилство“, стои во соопштението.

Кнут Флекенштајн, потпретседател на Социјалдемократите во Европскиот парламент, повика да се избегне дополнителна ескалација во земјата и да се спроведе непристрасна истрага за случувањата во Куманово.

– Со нашето учество во протестот на СДСМ, социјалдемократите сакаат да покажат солидарност со нивната сестринска партија и со народот на таа земја, кој се бори за слобода на изразување и на собирање – изјави  Флекенштајн, кој, исто така, повика обвинувањата против Заев да бидат предмет на независна истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...