fbpx

Откажаа дел од превозниците за штипската опозиција

-

Од повеќе локации во Штип тргна конвојот со неколку стотина приватни возила на протестот во Скопје. Услугите ги откажаа дел од превозниците, на кои им било платено. Од планираните 25 автобуси, останаа десет, на кои претпладнето се качија граѓани и членови на опозициските партии.

Претседателот на штипската организација на СДСМ, Владимир Милошев, рече дека со многу проблеми се одивала организацијата, но решени се да отпатуваат и да бидат дел од попладневниот протест во центарот на Скопје.

Според процените, од Штип тргнале повеќе од 1.500 луѓе.

Масовност очекуваат и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Општинскиот лидер Никола Мицевски на прес-конференција рече дека собирот в понеделник ќе биде „моќен народен одговор на сите сценарија за дестабилизација на државата и истовремено ќе биде повик за стабилна и силна Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...