fbpx

Провладините медиуми „предвидуваат“ украинско сценарио в недела

-

Подготовки за хаос на опозицијата по скопските улици или обид на власта преку медиумите блиски до неа да ги демотивира и исплаши граѓаните кои планираат да бидат дел од големиот протестен собир закажан за недела, 17 мај.

Дел од порталите и од провладините медиуми веќе на големо и во зачестени интервали пишуваат и емитуваат прилози во кои повикувајќи се на „свои“ или извори од наводно незадоволни членови на опозициските партии, дека СДСМ се подготвува безмалку за урбана војна в недела.

Како дел од подготовките на опозицијата овие јавни гласила споменуваат:

  • Мобилизираат криминалци и поранешни затвореници кои зад себе имаат дебело полициски досие;
  • Се подготвува ладно оружје и камења за дел од демонстрантите кои во еден момент треба да се одделат од групата и да ја нападнат полицијата;
  • Дел биле задолжени за кршење излози на продавници и за напаѓање државни институции и нивно насилно преземање;
  • Можност дел од демонстрантите да добијат и огнено оружје кое би се користело доколку протестот нема интензитет;
  • Индицираат дека СДСМ и Зоран Заев биле дел од сценариото на терористичката група во Куманово, па се очекува поддршка од милитантни албански групи;
  • Набавени се од 1.000 до 2.000 маски за глава (фантомки);
  • Насилства во Чаир, Ѓорче Петров, Гази Баба, како и во трговските центри во главниот град на државата;
  • Се планира демонстрантите насилно да влезат во Владата;
  • Закани до некои медиумите и демолирање на нивните простории;
  • Ангажирање луѓе од странство со големо искуство за правење насилни протести;
  • Украинско сценарио.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
online free course
download micromax firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download