Се шират информации за контрапротести

-

Информации и идеи за контрапротести почнаа да се шират на социјалните мрежи, но и наши извори, неофицијално, велат дека општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ засилено се подготвуваат за контрапротест. Како што велат тие, во комитетите дури се подготвуваат и списоци за контрапротести.

Потврда за ова е и говорот на премиерот Никола Груевски на вчерашното гостување во вестите на телевизија „Сител“. Премиерот рече дека постојано добивал повици за да дејствува пожестоко и за да се направи некоја поголема организација.

– Постојано добивам пораки со револт, зошто не дејствуваме пожестоко, зошто не се организираме вака или онака. Дури слушам почнале да се самоорганизираат, да прават списоци и така натаму. Тоа не треба да се прави, треба да се биде смирен, мудар, разумен, да не се влезе во играта на Зоран Заев, кој сака да го закрви народот и насилнички да освои власт – изјави  премиерот во дневникот на „Сител “.

Но, пратеникот Зоран Илиоски од Битола ги демантира изјавите на премиерот. Тој во изјава за новинската агенција „Мета“ потврдува дека изминативе неколку денови се одржуваат состаноци во комитетот, но за организација за контрапротести не станало збор.

– Ние си имаме редовни состаноци, но немаше таков муабет. Ние воопшто не размислуваме да влегуваме во сценарија каде граѓаните од еден град би ги ставиле еден спроти друг или воопшто граѓаните во државата. Значи, воопшто немало такво нешто за организирање луѓе за контрапротести – вели Илиоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека дописот што се појави на социјалната мрежа „Фејсбук“со порака дека ВМРО-ДПМНЕ прави списоци за учесници во контрапротести за убиството на Мартин Нешковски го пратил нивни член.

– Се сомневам дека такво нешто напишал и пратил по медиуми некој наш сопартиец. Тоа е резултат на медиумски манипулации на одредени медиуми кои ја користат ситуација во државата – изјави Илиоски.

На вчерашните протести пред Собранието, демонстрантите се жалеа дека меѓу нив има вметнати провокатори кои намерно сакаат да направат судир меѓу демонстрантите и полицијата. Обидите беа неуспешни затоа што голем број жени-активистки застанаа пред полицијата и не дозволуваа провокаторите да почнат тепачка.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...