fbpx

Како ја молзат прилепската болница?

-

На адреса на прилепската болница досега се пристигнати 17 извршни решенија со побарувања од околу 70 милиони денари, а над „главата“ на главната здравствена установа во Прилеп виси уште еден долг од околу 29 милиони денари кон ЕВН, за чие извршување се очекува извршно судско решение.

Додека трае оваа блокада на сметката на болницата, од Фондот за здравство на втората сметка на оваа установа, која се користи за плати и за потребите на примарната здравствена заштита, се исплаќаат само околу 26 милиони денари за да се покријат тие елементарни потреби.

Според извори од болницата, тоа е само една дванаесеттина од вкупните потреби на оваа болница за сите нејзини специјализирани одделенија.

До кога ќе трае оваа состојба, во која целата болница не може да ја извршува во целост и со полн капацитет својата дејност, а граѓаните на Прилеп се изложени на ризик, да не можат во целост да ја добиваат здравствената заштита загарантирана со Уставот и со законите, никој не може да каже. Додека за долгот од 70 милиони денари кон 17 побарувачи, може да се каже дека не е исплатен, поради неажурноста на сервисирањето на планираните потреби и трошоци на болницата во текот изминатиот период, за милионскиот „борч“ на болницата кон ЕВН, во вредност од 29 милиони денари се води судски спор.

Анализата на тој случај и судскиот спор добиваат апсурдни димензии и апсурдни износи и токму поради тоа го предизвика интересот на нашиот медиум. За да ја изостриме сликата на целиот овој случај, ги контактиравме сите играчи, во ова „електрично“ оро.

Повеќе за случајот и интегралната сторија прочитајте ја тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...