fbpx

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

-

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието.

Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата.

– Утре изминува 25. ден од бојкотот на наставата и вечерва ќе се договориме што ќе правиме понатаму. Денеска, иако дождот малку нè поколеба, сакам да кажам дека продолжуваме, сепак сме тука во помал број и тука сме да покажеме дека остануваме цврсти и доследни во она што сакаме да го постигнеме, а тоа е подобро образование за сите во Македонија. Засега нема контакт со МОН, тие не воспоставиле контакт со нас, ние нема да воспоставиме со нив, чекаме да нè повикаат – вели средношколецот Александар Милески.

Тој, сепак, вели дека има некои одредени ученици кои во групи се појавуваат на настава, со што 25 дена отсуство од настава им се ресетира, па тие повторно се враќаат на бојкотот.

Иако средношколците велат дека протестот бил уредно најавен во полцијата, сепак улците не биле блокирани.
– На полицијата ѝ најавивме дека денеска ќе се собереме пред МОН во 17 часот, исто како и вчера, но од некои неразјаснети причини, полицијата не ја блокираше улицата и можеше да дојде до некои несакани инциденти и некој од учесниците на собирот да биде повреден – додава Милески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...