fbpx

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

-

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет.

Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот на зградата на МОН поради, како што велат, игнорантскиот однос од надлежните.

– Имаме поддршка од Хелсиншки комитет и од родителите битката да ја водиме на повисоко ниво, по институционален пат. Ќе поднеме тужби против оние лица кои вршеа притисоци, ни се закануваа и кои сакаа да ни наштетат. Остануваме во кампот, в понеделник и во вторник се враќаме на настава, а бојкотот потоа ќе продолжи – вели Александар Милевски од „Средношколски пленум“.

Претставничка на „Средношколски пленум“ се обиде да им подари цвеќиња на полицајците што ја чуваа зградата на МОН, но само еден од нив го прифати подарокот.

Дел од средношколците носеа маички на кои беше напишано „Знам јас кој те праќа тебе“, зборови кои вицепремиерот Владимир Пешевски му ги упати на средношколецот Дејан Рајковски на состанокот помеѓу „Средношколски пленум“ и претставници на Владата и на МОН.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...