fbpx

Сопругата на Стојанче Ангелов нападната на вчерашниот протест

-

Јасминка Ангелова, сопругата на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, вели дека синоќа била нападната од полицаец додека траел протестот пред Обвинителство.

– Вчера, за време на протестите, на мостот кај Обвинителството, стоеја колеги од јавен ред и мир и кога се приближивме со граѓаните до нив, еден од колегите ме препозна и ме повика. Се приближив до него да се поздравам, прозборевме кратко и се фотографиравме. Тогаш, одеднаш, од зад грб, некој ме удри по главата. Доживеав толку силен удар што за момент не знаев каде се наоѓам и што се случува затоа што ништо не направив. Колегите подоцна ми кажаа дека се работи за полицаецот Здравко Анчевски, кој е комадир на вод, во оделот за јавен ред и мир во СВР Скопје, кој претходно ниту сум го сретнала и не го познавам ниту приватно ниту професионално. Не знам зошто го направи тоа. Веднаш по ударот ми се развика дека ми давал наредба да се оддалечам од местото. Не знам што направив за да се одалечам од тоа место, јас не го прекршив јавниот ред и мир и не нападнав службено лице. Бев задржана во Градска болница каде дојдоа колеги од полициската станица Беко, ми зедоа изјава и пријавија што се случило и кога ќе имам лекарска документација, ќе биде тоа официјално регулирано. Македонските полицијаци треба да ги штитат граѓаните, не да ги тепаат. Затоа ова нема да ме заплаши, нема да ме спречи и понатаму да одам на протестите – вели Ангелова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...