fbpx

Почнаа контрите, ВМРО-ДПМНЕ не прави списоци на активисти, туку само ги „ажурира“?

-

Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска, како што соопштија оттаму, во знак на протест, се паркираа пред седиште на СДСМ. Од ЈСП велат дека се одлучиле на овој чекор поради демолирањето автобуси од поддржувачи на СДСМ на протестите против полициската бруталност.

Речиси истовремено, новинарите од провладините медиуми, исто така, како што изјавија, го искажаа својот револт поради насилството врз претставници на медиумите.

Пред партиското седиште, симболично беа оставени стапови и камења бидејќи, според Македонската асоцијација на новинари, токму со нив „насилните протести организирани од СДСМ удирале кон лицата на службена должност“.

Во јавноста, пак, сè повеќе се појавуваат информации за подготвување списоци во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, за луѓе што би учествувале на евентуални контрапротести на 17 мај, за кога опозицијата го најави својот масовен митинг. Последната информација е од Штип, од каде велат дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во овој град подготвува списоци со вработени од локалната администрација на луѓе кои ќе одат на контрапротест во Скопје. Како што информираат оттаму, секој директор во институциите требало да подготви таков список и да го достави до општинскиот комитет.

За списоците по месните комитети не се кажува јасно зошто се прават, туку се вели дека „ги проверуваат броевите на телефоните да не има промена“.

– Пишувањата дека се организираме за контрапротести не се точни. Тоа се инсинуации од редовите на опозицијата. Ние, како општински комитет, си имаме редовни состаноци и функционираме како партија – вели новиот претседател на ОК во Битола, Борче Димитровски.

Ова го потврдуваат и други и велат дека не се прават списоци, туку дека некои од членовите на општинското раководство (особено претседатели на месни заедници) дале предлог да се организираат „за секој случај“. Наводно, и меѓу нив имало различни дикусии и размислувања во зависност од тоа дали некој од членовите е умерен или радикален и „дали размислува со жешка или ладна глава“.

Најголем дел од нив се согласиле дека ако „здиват заевци тогаш сигурно ќе вратат“, а претседателите на месните комитети се обврзале да избираат луѓе од доверба, ама „со краток фитил“, спремни за беља.

Ова како да го потврдува и говорот на премиерот Никола Груевски на гостувањето во вестите на телевизија „Сител“. Премиерот рече дека постојано добивал повици за да дејствува пожестоко за да се направи некоја поголема организација.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вели дека немаат сознанија што точно подготвува Никола Груевски, освен тоа што тој го најавил на телевизија „Сител“.

– Насилството може само да биде крајот на Груевски. Ние секојпат, а еве и денеска, ќе апелираме за мирни протести и за воздржаност од какви било насилства – вели Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...