fbpx

Средношколците денеска во 17 часот на нов протест пред МОН

-

Средношколците денеска, во 17 часот, пред Министерството за образование и наука ќе имаат нов протест против лошите реформи во образованието.

– Ќе се собереме денеска повторно на протест пред МОН, заедно со нашите родители и наставници, од кои имаме голема поддршка. Сè уште не сме договорени дали ќе имаме некаков перформанс или само мирно ќе протестираме – вели средношколецот Александар Милески.

Вчера средношколците, свирејќи со „вувузели“ и викајќи „Излезете кукавици“, ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија ученичките униформи пред зградата на МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...