fbpx
Таг: производство

таг: производство

„Гардијан“: Во Македонија се прават скапи брендирани чевли за минимални плати

„Работници во Албанија и во Македонија земаат толку ниски плати што не можат да ги прехранат своите семејства, а јазот меѓу законски загарантираната минимална плата и висината на исплатените дневници е поголем отколку во Кина. На овој начин некои светски брендови за производство на чевли остваруваат огромен профит на грбот на сиромашниот работник“, се вели во текстот на „Гардијан“ во врска со тоа дека скапите чевли што носат...

Мал пад на цената на нафтата

Цената на нафтата забележа мал пад при тргување на азискиот пазар поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта. Цената на нафтата падна на 49 долари за барел. Минатиот месец, Саудиска Арабија произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно. Пазарот со нафтата се уште не е стабилен, бидејќи нема договор...

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на порачки во преработувачката индустрија во јули годинава во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу...

Рокот за барања за субвенции за млеко е до 30 јуни

Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, инфромираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството...

„Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија „Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската зона Бунарџик 2. Изградбата на фабриката ќе се одвива во три фази, а вкупната инвестиција ќе чини 17 милиони евра. Во фабриката во која ќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар планирани се околу 400 вработувања.

УНДП доделува грантови за земјоделците за опрема и за материјали

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) доделува грантови за набавка на земјоделска опрема и на материјали во висина до 300.000 денари во рамките на проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка. Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство, кои ќе се одржат во периодот јули - ноември...

Поволни очекувања за обемот на производство во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во април годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe намалени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 25,6 проценти,...

Потенцијалот на регионот и спојувањето пазари, теми на бизнис-форумот во Сараево

Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) учествува на седмата конференција на меѓународни инвестиции „Сараево бизнис-форум“, која се одржува под мотото „Еден регион, една економија“. На оваа конференција ќе се разговара за потенцијалот што го нуди овој регион, можноста за спојување пазари, како и за соработката со Кина. Утре, пак, експерти од различни земји ќе предложат идеи и платформи за создавање заедничка...

Производителите на нафта се состанаа во Катар

Претставници на земјите производители на нафта се состанаа во Катар, каде што ќе разговараат за можното замрзнување на производството на нафта, но одлуката на Иран да не учествува во преговорите може да влијае врз договорот. Најголемите производители го разгледуваат прашањето за замрзнување на производството на нафта за да се спортистават на глобалниот тренд на падот на цената на светскиот пазар. Претставници...

Нафтата се одржа на 40 долари за барел

Цената на суровата нафта денеска се намали во тргувањето со Азија, но сепак се задржа на повеќе од 40 долари за еден барел, бидејќи трговците се радуваат на самитот на клучните производители на црното злато в недела, кога ќе стане збор за замрзнување на производството и за ублажување на презаситеноста со понудата. Главната тема на состанокот ќе биде предлогот за замрзнување...

Москва е подготвена да го замрзне производството на нафта

Министерството за енергетика на Русија е подготвено да ја разгледа опцијата за замрзнување на производството на суровата нафта на ниво од февруари и од март во случај да постојат такви предлози, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александер Новак. Претставници на земјите производители на нафта на 17 април ќе се состанат во Доха за да дискутираат за стабилизација на производството...

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50,6 милиони денари

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50.610.000 денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растителното производство во 2014 година, кое во вкупното производство учествува со 69,5 отсто, бележи раст од 1,8 отсто во однос на 2013 година. Вредноста на добиточното производство, кое во вкупното производство...

Се зголемува индустриското производство

Во првите два месеци од годинава, имаме зголемување на индустриското производство за 11,7 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани е повисоко за 15,2 отсто. Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај енергија за 0,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 12,6 отсто, капитални...

БИРН: 446 милиони евра субвенции за растително и сточарско производство

Државата исплатила 150 милиони евра субвенции за сточарско и 296 милиони евра за растително производство, во период од пет години од 2010 до 2014 година. Ова го покажуваат податоците на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) која денеска ја промовираше базата на податоци за доделените субвенции во периодот од 2010 до 2014 година во растително и сточарско производство. Поголемиот дел од средствата, односно 83...

Производството на грозје лани поголемо за 65,8 отсто во однос на 2014 година

Земјоделските површини лани во споредба со 2014 година се зголемени за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,4 отсто, кај овоштарниците за 3,6 отсто и кај лозјата за 0,8 отсто. Намалување е забележано кај ливадите за 0,8 отсто и пасиштата за 0,1 отсто. Лани во споредба со 2014 година, поголемо...

Извозот во текстилната индустрија се зголемува, а бројот на работници се намалува

Состојбата во текстилната индустрија се подобрува и извозот се враќа на ниво како пред економската криза во 2008 година, што се должи на зголемена побарувачка на традиционалните партнери и пораст на економијата во Западна Европа. Идните перспективи зависат од економската состојба на Западна Европа и од случувањата во нашата држава. Во текстилната индустрија преовладува лон-работењето, чијшто извоз изнесува 93 отсто...

Ракетирани норвешките нафтени рафинерии во Алжир

Норвешката мултинационална енергетска компанија „Статоил“ објави дека на нејзините рафинерии во Алжир е извршен ракетен напад, при што дошло до експлозија во погонот, но нема човечки жртви и материјална штета. Компанијата засега прекинала со работа поради преземење мерки на претпазливост. Алжир и другите северноафрикански земји се загрижени поради проширување на активностите на Исламска држава преку границите на Либија. Алжир важи за еден...

ИЕА: Цените на нафтата го достигнаа дното

Цените на нафтата можеби конечно го достигнаа дното, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), укажувајќи истовреме на нивното „значајно заздравување изминатите недели.“ - Неодамнешното поскапување на нафтата, кое ги врати цените на околу 40 долари за барел од 28,50 долари од средината на јануари, не мора да значи дека најлошото помина – се наведува во месечниот извештај на ИАЕ за...

Почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња „Ки сејфти системс“

Во технолошко-индустриската зона во Кичево, почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња за светски марки автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки сејфти системс“. Паралелно со браунфилд-објект во центарот на Кичево, се градеше и производствениот погон со површина од 13.600 квадратни метри во ТИРЗ Кичево. Според бизнис-планот на инвеститорот, бројот на вработени од 230 лица, треба да достигне 1.000 работни места...

Путин: Руските компании се за замрзнување на производството на нафта

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека со водечките руски производители на нафта потпишал договор за замрзнување на производството на нафта на количеството произведено во јануари годинава, во согласност со предлогот на Русија и на Саудиска Арабија. - Се состанавме вчера со раководството на нашите водечки нафтени компании и се договоривме нивото на производство на нафта во 2016 година да го задржиме на...