fbpx
Таг: производство

таг: производство

Повеќе од 80 отсто од потрошената електрична енергија била од домашно производство

Во декември минатата година, вкупно се потрошени 840.394 мегават-часови електрична енергија, 46.663 милиони кубни метри природен гас, 469. 206 тони јаглен и 87. 872 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 81,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на...

СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и Тиквешко Езеро

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, освен природното Охридско Eзеро, го празни и Тиквешкото Езеро преку хидроелектраната Тиквеш, велат од СДСМ. Тие додаваат дека „несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет“. „Според нашите информации, од...

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

Од АД ЕЛЕМ велат дека е „лага дека водите од Охридско Езеро биле прекумерно искористувани за производство на електрична енергија“, како реакција на соопштението на СДСМ. - Зголеменото производство во декември е според планот за работа за тој месец, како и поради натпросечните дотеци во ноември, а, пак, намаленото производство за јануари се базира врз планот  во енергетскиот биланс за...

СДСМ: ЕЛЕМ го загрози Охридско Езеро, ќе има одговорност

Во денови на најмал дотек на вода во Охридско Eзеро, енергетската компанија АД ЕЛЕМ произвела струја повеќе од планираното токму преку двете хидроелектрани што користат вода од езерото, се вели во соопштението на СДСМ. - Документот се однесува на декември 2016 година и од него може да се види дека хидроелектраните Глобочица и Шпилје, коишто користат вода од Охридско Езеро,...

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање на вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото, во согласност со податоците на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ Глобочица, информираат од компанијата, а по повод информациите дека ЕЛЕМ ја користи водата од Дрим за пороизводство на енергија, со што Охридско Езеро има низок водостој. - Следејќи ги хидролошките...

Кочовски: Во металуршката индустрија има пад на производството и на извозот

Бројките во металуршката индустрија се поразителни така што лани, заклучно со ноември, производството на руди и на метали бележи пад од 8 проценти, а само на метали - 11 проценти во однос на 2015 година, изјави претседателот на Здружението на металургија, Митко Кочовски. - Само во ноември 2016 година, производството на основни метали е намалено за 20 проценти во однос на истиот месец...

Производството на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во потрошувачката

Во ноември 2016 година сме потрошиле 695.934 мегават-часови електрична енергија, 33.459 милиони кубни метри природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 94,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

ЕЛЕМ: Потрошувачката на струја е зголемена за 30 отсто во последните 24 часа

Снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата и за помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива континуирано и во согласност со потребите, велат од „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Во изминатите 24 часа е регистрирана за повеќе од 30 отсто поголема потрошувачка на електрична енергија во однос на вообичаената за овој период, но и покрај тоа, од ЕЛЕМ велат дека...

Мицкоски: Дефектот во РЕК Битола е отстранет, состојбата со струјата е стабилна

Дефектот во РЕК Битола е отстранет и електраната сега работи со полн капацитет, инофрмираше денеска генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. Според него, земјава во најстудените денови ги задоволила потребите од електрична енергија со 80 отсто од домашно производство. - И покрај временските услови, успеавме навреме да ги испорачаме потребните количества електрична енергија. Граѓаните не треба да се грижат, така ќе...

ЕЛЕМ: Трошењето струја е зголемено за 30 проценти во однос на последните пет години

Поради екстремно ниската температура, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка на електрична енергија во однос на истиот период за последните пет години, се вели во соопштение на АД ЕЛЕМ. -  Сите расположливи капацитети за производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ се ставени во погон. Дел од количествата се обезбедуваат на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од...

СДСМ: Со скапиот увоз на струја, граѓаните за два дена се оштетени за 300.000 евра

СДСМ ја повикува власта во заминување да престане да крие информации од граѓаните за реалниот ризик, домаќинствата да останат без струја, се вели во соопштението на СДСМ. - Реалноста е дека Македонија се соочува со недостиг од струја и како што вчера предупредивме, денеска е распишан тендер за нов интервентен увоз на струја. Како што објавивме вчера, на Божиќ бил распишан...

Македонија го зголеми производството на пченка за 11 проценти

Преку четиригодишниот проект на УСАИД и на швајцарската влада „Да одгледуваме повеќе пченка“, кој заврши денеска, домашното производство на пченка се зголеми за повеќе од 7.000 тони годишно, што е околу 11 проценти од потребното за целосна замена на увозната пченка во земјата. Ова беше истакнато денеска во Могила од страна на директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин, и на амбасадорката...

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад. - Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го...

Дроновите во Македонија го чекаат новото Собрание за да летаат по правилник

Агенцијата за цивилно воздухопловство подготви правилник за регулирање на управувањето со беспилотни летала, односно дронови, и истиот е доставен до Министерството за транспорт и врски, информираше генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација на „ТАВ Македонија“ во Струга. - Правилникот не може да биде донесен бидејќи Собранието е распуштено. Треба да почекаме за да се...

Европската комисија ја намали проекцијата за економскиот пораст на 2,1 отсто

Европската комисија предвиде помал пораст за македонската економија и од 3,7 проценти ја намали на 2,1 отсто во есенската економска прогноза за земјите членки и за земјите кандидати за членство во Европската Унија. Како причина за намалување на прогнозата се наведуваат поплавите и политичката криза. Во првата половина на годината економијата имала забавен пораст, а се очекува подобрување по одржувањето на изборите на 11...

Андреевски: Струјата е поскапена за 100 проценти од 2006 година досега

„Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100 проценти денес во однос на 2006 година. Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, со кои се збогатија енормен број луѓе блиски до неа, на сметка на граѓаните“, изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски, на денешната прес-конференција. Тој на прес-конференцијата прикажа сметка...

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите девет месеци е зголемено за 5,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на истиот месец лани, е зголемено за 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична...

Производството на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во потрошувачката

Во август сме потрошиле 553.525 мегават-часови електрична енергија, 3.328 милиони кубни метри природен гас, 424.537 тони јаглен и 121.903 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 96,76 проценти од вкупното потрошено количество јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

ОН: Производството на опиум во Авганистан е зголемено за 43 отсто

Производството на опиум во Авганистан во изминатата година се зголемило за 43 отсто, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК), пренесува „Би-би-си“. Според податоците на УНОДК, земјоделските површини на кои се одгледува афион, растението од кое се добива опиумот, се зголемени за 10 отсто и се простираат на површина од 201.000 хектари. Авганистан е најголем светски производител на...

Почвата во поплавените подрачја може да се обработува

Здружението за земјоделска техника информира дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје, со препорака да се почне со плитко орање. На вчерашниот состанок на Здружението е заклучено дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, почнување со обработка и за подготовка за новата реколта 2016-2017 година. Поплавените подрачја, според Здружението, во понатамошниот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...