fbpx

ИЕА: Цените на нафтата го достигнаа дното

-

Цените на нафтата можеби конечно го достигнаа дното, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), укажувајќи истовреме на нивното „значајно заздравување изминатите недели.“

– Неодамнешното поскапување на нафтата, кое ги врати цените на околу 40 долари за барел од 28,50 долари од средината на јануари, не мора да значи дека најлошото помина – се наведува во месечниот извештај на ИАЕ за ситуацијата на пазарот со нафтата.

Меѓу факторите што придонеле за зголемување на цената на нафтата се разговорите меѓу водечките производители на нафта за замрзнување на нивото на производство. Како што наведува ИАЕ, тие се првиот показател за координирана акција наменета за стабилизирање на пазарот и за подигнување на цената на нафтата на ниво од 50 долари за еден барел.

– Исходот од овие преговори е неизвесен, а големите резерви на пазарот се сигнал дека нивното влијание ќе биде мало во наредните месеци – наведува ИЕА.

Враќањето на Иран на пазарот со нафта, по укинувањето на западните санкции во таа земја во јануари, според оцените на ИЕА, било помалку драматично од тоа што Иранците најавувале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...