fbpx
Таг: прислушување

таг: прислушување

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се најде решение за предметите од...

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори и за прислушувањето преку телеком-операторите. Најсвежи...

Уставните судии ја одложија расправата за прислушувањето преку телеком-операторите

Уставните судии денеска го одложија за една од наредните две седници разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Причина за ваквата одлука, како што беше истакнато на денешната седница, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата. Разгледувањето на оваа иницијатива требаше да биде прва точка на дневен ред...

ФБИ и НСА го негираат тврдењето на Трамп за прислушување

Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции изјавија дека немаат информации што би ги потврдиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговиот претходник Барак Обама прислушувал пред изборите. - Со почитување на претседателските твитови за тоа дека претходната администрација го прислушувала, јас немам информации што би ги поддржале тие твитови – изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за време...

Комитетот за разузнавање на Сенатот ги отфрли тврдењата на Трамп дека бил прислушуван

Не постојат никакви индиции дека кулата „Трамп“ била надгледувана и дека комуникациите биле следени од владата на САД, пред или по претседателските избори минатата година, соопштил денеска Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, јавува „Би-би-си“. Во заедничка изјава, претседателот на комитетот, републиканскиот сенатор Ричард Бур, и неговиот заменик, сенаторот Марк Ворнер, ги отфрлиле тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека...

ФБИ: Да се отфрлат обвинувањата на Трамп за прислушување

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) побара од Министерството за правда да ги оспори наводите на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник, Барак Обама, го прислушувал пред претседателските избори. Трамп на „Твитер“ го обвини поранешниот претседател Обама дека го прислушувал пред претседателските избори, одржани на 8 ноември минатата година, и побара од Конгресот да истражи дали администрацијата на неговиот претходник...

Обама никогаш не наредил прислушување на Трамп, вели портпаролот на експретседателот

Портпаролот на поранешниот американски претседател, Барак Обама, денеска ги негираше и ги отфрли тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека Обама, наводно, наредил прислушување на неговите телефоните во октомври минатата година, пред претседателските избори, јавуваат светските агенции. „Главно правило на администрацијата на Обама беше дека ниту еден службеник на Белата куќа нема да се меша во каква било истрага што ја спроведува...

Трамп го обвини Обама дека го прислушувал пред изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник, Барак Обама, дека го прислушувал пред претседателските избори, кои се одржаа на 8 ноември минатата година. Трамп обвинувањата за прислушување ги изнесе во неколку пораки на својот твитер-профил, не наведувајќи детали или докази. „Страшно. Штотуку дознав дека Обама ме прислушувал во Кулата Трамп непосредно пред мојата победа“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/837989835818287106 Тој...

СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и дека одговорност за сите злодела врз граѓаните и врз државата ќе има, се вели во реакцијата на СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека „ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува.“ - Никола Груевски од позиција на...

УБК одбила да ги декласифицира тајните податоци во „Тврдина 2“

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) одбила да ги декласифицира класифицираните информации што Специјалното јавно обвинителство ги предлага како докази во судскиот процес за случајот „Тврдина 2“. На барањето на СЈО, кое беше задолжено од судот да побара декласифицирање на информациите, од УБК образложиле дека декласификацијата на податоците би имала последици по безбедноста на државата и дека тие се од особено...

Новинарите отстранети од судењето „Тврдина 2“, се читаат класифицирани информации

Судијката Лидија Петровска, која го води судењето за случајот „Тврдина 2“, ги отстрани новинарите од судницата за да може да биде прочитана содржината од дописот што СЈО го добило од МВР по барањето за декласификација и за користење класифицирани информации во судската постапка. На судењето присутни се сите седум обвинети, односно поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест...

Спасовски: Евроазиските служби на Груби се како жолтите комбиња на Груевски

Министерството за внатрешни работи нема информации за евроазиски тајни служби кои имаат влијание на безбедноста и на кризата во државата, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, додавајќи дека наводите за вакви служби, кои ги посочи шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и носител на листа во изборната единица 1, Артан Груби, му наликува на...

Бизнисмените ја поддржуваат работата на СЈО

Немаме поплаки од наши членови дека биле прислушувани и дека тоа на некој начин им се одразило врз бизнисот, одговори претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, на новинарско прашање во врска со последниот случај „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на незаконското прислушување политичари, бизнисмени и граѓани. - Немаме информации во тој дел,...

СЈО не потврдува, но не исклучува дека и Иванов и амбасадорите биле прислушувани

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), иако тоа прашање беше поставено, денеска не кажа дали во изминатите седум години (од 2008 до крајот на 2015 година), освен политичари, новинари и бизнисмени биле прислушувани и амбасадори и дипломати во земјава, како и шефот на државата, Ѓорге Иванов. Обвинителката Ленче Ристоска, иако не ја потврди, не ја ни исклучи можноста дека и Иванов и...

СЈО: УБК незаконски прислушувалa 5.817 телефонски броеви

Вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година, откри Специјалното јавно обвинителство во новиот случај „Таргет“, кој го презентира денеска. За десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, постои...

Заев: Прислушувањето е кривично дело и за тоа мора да се одговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во Штип, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку сведоци има СЈО, рече дека прислушувањето е кривично дело и дека мора да се открие кој прислушувал. „Јас сум Зоран Заев, човекот што ги поседуваше „бомбите“ и ги предаде на Специјалното јавно обвинителство. Да има сведоци макар за еден процент од...

Неселективно да се спроведе Договорот од Пржино, порача Амбасадата на Словачка

Словачката амбасада ги повика државните институции и политичките партии да се придржуваат до Договорот од Пржино и да не ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство. „Словачкото претседателство во Советот на ЕУ нема да ги коментира изјавите на Министерството за внатрешни работи, ниту на Специјалното јавно обвинителство на оваа тема. Сите страни ги повикуваме на доследна и неселективна имплементација на...

Ристоска: Загрижени сме затоа што државна институција одбива да спроведе судска наредба

Обвинителката Ленче Ристоска денеска на прес-конференција информираше дека истражителите и обвинителите на СЈО сè уште не успеале да се договорат со Управата за безбедност и контраразузнавање за на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство да им дадат пристап до системите за прислушување. - Ние од Основниот суд Скопје 1 прибавивме две судски наредби. Едната е за одземање службена документација на УБК која...

Јанева: 12 часа тапкаме во место, УБК не ни дава пристап до податоците

Веќе 12 часа сме присутни во Управата за безбедност и контраразузнавање и сè уште тапкаме во место, немаме пристап до документите за кои добивме судска наредба, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска, во 1 часот по полноќ, даде изјава за медиумите пред Министерството за внатрешни работи. - Ние нема да си одиме сè додека не постапиме по судските наредби....

СЈО: УБК прави опструкции, не ни даваат специфичен документ

Продолжува работата во Управата за безбедност и контраразузнавање, информираат од Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО на „Фејсбук“ напишаа дека и покрај првичната соработка, наишле на опструкција да прибават специфична информација и докази врз основа на судската одлука. „Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба. Јавни обвинители и истражители...