УБК одбила да ги декласифицира тајните податоци во „Тврдина 2“

-

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) одбила да ги декласифицира класифицираните информации што Специјалното јавно обвинителство ги предлага како докази во судскиот процес за случајот „Тврдина 2“.

На барањето на СЈО, кое беше задолжено од судот да побара декласифицирање на информациите, од УБК образложиле дека декласификацијата на податоците би имала последици по безбедноста на државата и дека тие се од особено значење за оперативните работи на УБК.

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, на денешното рочиште, кое беше подготвително, а не главна расправа од судскиот процес, рече дека тие се согласуваат со ставот на УБК и дека Законот за кривична постапка и Законот за класифицирани информации дозволуваат тајни податоци да бидат употребени во судската постапка со тоа што ќе биде исклучена јавноста кога ќе се презентираат доказите.

Ристовска наведе дека ЗКП во ниту еден член не предвидува одбивање на докази затоа што тие се класифицирани.

На ова реагираше адвокатот на дел од обвинетите, Никола Додевски, кој истакна дека СЈО не постапило по задолженијата од судот за декласификација на податоците и наведе дека нивната употреба во судскиот процес би била незаконска. Тој наведе дека класифицираните податоци за да бидат употребени во постапката, претходно мора да бидат декласифицирани, бидејќи во спротивно судењето би се претворило во „приватен собир на иматели на безбедносни сертификати.

Додевски рече дека СЈО требало претходно да ги декласифицира информациите, а не избрзано да поднесува обвинителен предлог.

Тој побара од судот да ги одбие доказите на СЈО, односно тие да не се користат во текот на судењето.

Судијката Лидија Петровска по четиричасовна расправа донесе одлука СЈО уште еднаш да се обрати до Министерството за внатрешни работи и до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и да побара мислење дали класифицираните информации можат да се користат како докази во судската постапка.

Претходно од МВР и од УБК, СЈО не добило дециден одговор за тоа дали може да ги користи тајните податоци во судска постапка.

Следното рочиште е закажано за 13 март, во 10 часот.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...