fbpx

Неселективно да се спроведе Договорот од Пржино, порача Амбасадата на Словачка

-

Словачката амбасада ги повика државните институции и политичките партии да се придржуваат до Договорот од Пржино и да не ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Словачкото претседателство во Советот на ЕУ нема да ги коментира изјавите на Министерството за внатрешни работи, ниту на Специјалното јавно обвинителство на оваа тема. Сите страни ги повикуваме на доследна и неселективна имплементација на обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино, во корист на што поскоро враќање на Скопје на бриселската траекторија“, изјавија од Амбасадата на Словачка, на прашањето на „Мета“ за коментар на последните настани поврзани со опструкцијата на работата на СЈО што ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и со дополнитениот заменик-министер Оливер Андонов.

Идентични пораки, во врска со случувањата на линија УБК – СЈО, упатија и Делегацијата на Европската Унија, Aмбасадата на САД во земјава, амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет, и Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...