fbpx

ФБИ: Да се отфрлат обвинувањата на Трамп за прислушување

-

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) побара од Министерството за правда да ги оспори наводите на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник, Барак Обама, го прислушувал пред претседателските избори.

Трамп на „Твитер“ го обвини поранешниот претседател Обама дека го прислушувал пред претседателските избори, одржани на 8 ноември минатата година, и побара од Конгресот да истражи дали администрацијата на неговиот претходник ги „злоупотребила своите овластувања“ за време на кампањата во 2016 година, соопштено е синоќа од Белата куќа.

Директорот ФБИ, Џејмс Коми, рече дека обвинувањата се лажни и мора да се исправат, објави вчера весникот „Њујорк тајмс“.

Во изјава дадена вчера, портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер ги оцени како многу загрижувачки непрецизните наводи за потенцијални, политички мотивирани истраги во пресрет на изборите во 2016 година.

Спајсер рече дека „истрагата за мешањето на Русија во изборите, исто така треба да ја опфати и можната злоупотреба на позицијата на поранешниот претседател Обама“. Тој додаде дека ниту Белата куќа, ниту претседателот Трамп нема да даваат понатаму изјави на оваа тема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...