fbpx
Таг: прислушување

таг: прислушување

Јанева: Влеговме во УБК со судски налог за да видиме кој прислушувал

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска со својот тим влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање и најави дека оттаму нема да излезе сè додека не си ја заврши работата. - Влеговме во Управата за безбедност и контраразузнавање за конечно да се дознае кој прислушувал, дали УБК или странските служби - изјави денеска пред зградата на МВР специјалната јавна обвинителка,...

„Слобода наместо страв“: Герила-акција против масовното прислушување

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ се вклучи во акциите на меѓународното движење „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear). Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и...

Истражната на Кежаровски и „сваровски-судијката“ ги добија обвиненијата од СЈО

Татјана Михајловска и Лидија Петровска од Кривичниот суд се двете судијки што ќе треба да ги работат обвинителните акти кои минатата недела ги поднесе СЈО. Неофицијално, судијката Михајловска ќе го работи случајот со насилството во Општината Центар („Шамарите за Жерновски“), а Петровска го доби случајот со уништувањето на документите поврзани со опремата за прислушување. Распределбата е направена во согласност со електронскиот систем за...

СЈО прави медиумско-политички циркус, смета Бонева

Кога го гледав законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, никаде немаше одредба дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски политички циркус, изјави претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, денеска по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство. - Сите сме сведоци на тој циркус. Верувам дека тие што ве повикале ќе ви објаснат...

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство. Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван. Во СЈО сè уште е претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во...

Тони Јакимовски, осомничен во „Тврдина“ денеска на распит во СЈО

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО, јавува „Сакам да кажам“ . Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена. „Тврдина“ е третата истрага на СЈО, што...

Јанкулоска: Сосема сум спокојна, истрагите на СЈО се нарачка од СДСМ

Сосема сум спокојна бидејќи немам направено никакво кривично дело и во целокупниот период додека бев на функција во Министерството за внатрешни работи, работев професионално, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по распитот пред судија на претходна постапка. Распитот на Јанкулоска, која е третоосомничена во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), траеше речиси три часа. Поранешната министерка,...

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата. Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на...

Извештај на Стејт департментот: Македонија страда од корупција, непочитување на судството и притиснати медуми

Најголемите проблеми со човековите права во Македонија се поврзани со високото ниво на корупција, неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи го и постојаното прекршување на слободата на медиумите, мешање во судството, како и селективното гонење, стои во годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент. Во извештајот се наведува дека судскиот систем во Македонија е...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои...

Јанева: Началникот на УБК денеска ќе се појави пред суд на сослушување

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, кој денеска на прес-конференција го образложи обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, инаку началник на УБК, во 13 часот ќе се појави во Основниот суд Скопје 1. Ова додека траеше прес-конференцијата го изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. СЈО за првоосомничениот бара мерка притвор, а за останатите осомничени поблаги мерки на претпазливост, како што се одземање на...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи...

СЈО трага по началник на УБК

Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање. СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата одбил ваквото барање. Исто така е одбиено и барањето за притвор на осомничениот. Засега, како што...

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање...

Една година од првата „бомба“ на Заев

Помина точно една година од првата „бомба“ која во рамките на проектот „Вистината за Македонија“  ја објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Во првите снимки што Заев ги објави на 9 февруари минатата година беа разговорите од него и од новинарка која прашува за буџетот на Општина Струмица, со неговата ќерка и разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за...

Анкетната комисија утре ќе пропадне како жртва на затворените седници

Дали Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде една од жртвите на кризата во спроведувањето на Договорот од Пржино? Утре e последниот ден кога членовите на Анкетната комисија за прислушуваните разговори ќе можат да сослушуваат сведоци или да одат на посета во некоја од државните институции. Пет дена остануваат до крајниот рок да се одржи седница на која треба...

Шилегов: Груевски да дојде јавно да сведочи пред Анкетната комисија

Петре Шилегов, пратеник од редовите на СДСМ и претседател на Анкетната комисија за скандалот со незаконското прислушување, упатил писмо до премиерот Никола Груевски во среда, на 20 јануари, да се појави на седницата на комисијата и јавно да сведочи. Шилегов упатил и писмо до Трајко Вељаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на...

Заев се појави на рочиштето за случајот „Пуч“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на рочиштето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што тој, како еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој предмет е во нејзина недлежност. На последното, одложено, рочиште, судијката...

Денеска прво рочиште за „Пуч“ откако Јанева го презеде предметот

Денеска во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 1, треба да почне судењето за случајот „Пуч“, откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е еден од обвинетите во случајот, не се појавуваше. На денешното рочиште се очекува да се појави обвинител од специјалното обвинителство, бидејќи тимот на Катица Јанева одлучи дека овој...

Гордана Јанкулоска стана доктор на науки

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, стана доктор на науки од областа на безбедноста. Таа на Факултетот за безбедност во Скопје ја одбранила докторската дисертација на тема „Современи методи во сузбивањето на транснационалниот економско финансиски криминал“. За напредокот во науката и за новата академска титула, Јанкулоска се пофали на својот фејсбук-профил, на кој на македонски и на англиски напиша:...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет на компанијата зад ChatGPT се „напредните производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели,...