fbpx

СЈО: УБК прави опструкции, не ни даваат специфичен документ

-

Продолжува работата во Управата за безбедност и контраразузнавање, информираат од Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО на „Фејсбук“ напишаа дека и покрај првичната соработка, наишле на опструкција да прибават специфична информација и докази врз основа на судската одлука.

„Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба. Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, сè до конечно спроведување на наредбата. Во просториите на Управата, освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и заменскиот министер Оливер Андонов“, велат од СЈО.

Претходно, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека  влегле воУБК за конечно да се дознае кој прислушувал, дали УБК или странските служби, и најави дека ќе работат на смени, сè до завршување на работата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...