fbpx

Обама никогаш не наредил прислушување на Трамп, вели портпаролот на експретседателот

-

Портпаролот на поранешниот американски претседател, Барак Обама, денеска ги негираше и ги отфрли тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека Обама, наводно, наредил прислушување на неговите телефоните во октомври минатата година, пред претседателските избори, јавуваат светските агенции.

„Главно правило на администрацијата на Обама беше дека ниту еден службеник на Белата куќа нема да се меша во каква било истрага што ја спроведува министерството за правда“, рекол портпаролот на Обама, Кевин Луис.

Како дел од таа практика, додал Луси, ниту претседателот Обама, ниту кој било друг службеник на Белата куќа никогаш не наредил надгледување на кој било американски граѓанин.

„Кое било друго тврдење е едноставно лажно“, нагласил Луис.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник, Барак Обама, дека го прислушувал пред претседателските избори, кои се одржаа на 8 ноември минатата година.

Трамп своите обвинувања ги изнесе во неколку пораки на својот твитер-профил, без да наведе детали или докази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...