fbpx
Таг: примирје

таг: примирје

Судири и пукање кај хуманитарниот коридор во Алепо

Во областа предвидена за хуманитарен коридор во сирискиот град Алепо, избија судири во кои се слушаат пукотници. Сириската државна новинска агенција САНА, за нападот ги обвини „терористичките групи“. Русија претходно објави привремен прекин на воздушните напади за да се овозможи цивилите и борците да го напуштат градот. Москва соопшти дека прекинот ќе трае најмалку до 16 часот, со можност да биде продолжен. Сириската...

Неуспешен состанок за примирјето во Сирија

Меѓународниот состанок на високо ниво за кризата во Сирија во Њујорк заврши без договор за тоа како да се заживее пропаднатото примирје што претходно го договорија Русија и САД. Американскиот државен секретар, Џон Кери, рече дека неговиот руски колега, Сергеј Лавров, не бил во можност да вети приземјување на сириските бомбардери и да го запре бомбардирањето на сириските градови. Кери, Лавров и...

Асад: САД се виновни за прекинот на примирјето во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека САД „немаат волја“ да ѝ се приклучат на Русија во борбата против милитантите во Сирија. Тој го обвини Вашингтон за прекин на примирјето и додаде дека за нападот на хуманитарниот конвој не се виновни ниту Русија, ниту Сирија.

Оланд: Мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија

Сириската трагедија во историјата ќе биде набљудувана како срам за меѓународната заедница ако брзо не ја прекинеме, порача од Генералното собрание на ОН во Њујорк францускиот претседател, Франсоа Оланд. Во своето обраќање, Оланд истакна дека мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија и ги повика странските поддржувачи на сириската влада да наметнат мир. Тој рече дека постои голем...

Русија забележала 50 случаи на кршење на примирјето во Сирија

Русија забележала 50 случаи на прекршување на договорот за прекин на огнот во Сирија во последните 24 часа, соопшти руското министерство за одбрана. Прекршувањата, како што се наведува, регистрирани се во сириските провинции Алепо, Дамаск, Хама, Латакија, Хомс и Дара. САД и Русија претходно овој месец постигнаа договор за прекин на огнот и за доставување хуманитарна помош во Сирија.

Русија сака ОН со резолуција да го поддржат договорот за Сирија

Русија сака Советот за безбедност на Обединети нации да донесе резолуција со која ќе го поддржи американско-рускиот договор за Сирија. Ова го изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, кој рече дека веќе се разговара за таква резолуција и дека таа би можела да биде донесена во среда за време на заседавањето на Генералното собрание на ОН на кое ќе...

Париз бара увид во договорот меѓу Кери и Лавров за Сирија

Францускиот министер за надворешни работи, Жан Марк Еро, изјави дека сака да има увид во текстот на договорот за прекин на огнот во Сирија, што го договорија САД и Русија. Тој го побара документот за да се увери дека на терен нема да има недоразбирања кој е на мета. - Ако постојат недоразбирања, тогаш постои и опасност дека на мета може да...

Кери и Лавров го продолжуваат примирјето во Сирија за уште 48 часа

Државниот секретар на САД, Џон Кери, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се согласија договорот за прекин на огнот во Сирија да се почитува и да се продолжи за уште 48 часа за да се овозможи подобар хуманитарен пристап. - Постои согласност договорот во целост да се почитува, и покрај некои извештаи за насилство – изјави портпаролот на Стејт...

Турција обвинува дека сириската влада го прекршува примирјето

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја обвини сириската влада дека не го почитува договорот за прекин на огнот, кој го постигнаа Русија и САД. Чавушоглу на новинарите во Анталија им кажал дека сириската влада го прекршила примирјето веднаш штом тоа стапи на сила во понеделникот вечерта. Шефот на турската дипломатија изрази надеж дека сите страни ќе настојуваат примирјето...

Ердоган: Ќе испратиме помош во Алепо откако ќе почне примирјето

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја ќе испрати хуманитарна помош во Алепо откако договорот за примирјето во Сирија ќе стапи на сила. Ердоган соопшти дека Турција ќе испрати храна, облека и играчки за децата во најзагрозениот дел во Северна Сирија. Турската хуманитарна организација Црвена полумесечина во соработка со агенцијата за вонредни ситуации, ќе се обиде да достави...

И по маратонскиот состанок, Русија и САД без решение за Сирија

И покрај извесниот напредок во преговорите за решавање на кризата во Сирија, САД и Русија повторно не успеаја да постигнат сеопфатен договор за интензивирање на соработката. Светските медиуми пренесуваат дека САД и Русија успеале да решат бројни прашања што го попречија патот за обнова на примирјето во Сирија и овозможиле испорака на хуманитарна помош. Американскиот државен секретар, Џон Кери, и шефот на...

Русија прогласи дводневно примирје во Алепо

Русија објави дводневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо. Примирјето е објавено само неколку часа по предупредувањето на Вашингтон до претседателот на Сирија, Башар ал Асад, и до неговите сојузници дека мораат да го почитуваат примирјето договорено во февруари. „На иницијатива на Русија, во градот Алепо е воведено дводневно примирје, почнувајќи од полноќ на 16 јуни, за намалување на вооруженото насилство и за...

Кери: Русија и Асад да го почитуваат примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е неопходно да се направи сè за да се воспостави вистински прекин на непријателството во Сирија, да се овозможи достава на хуманитарна помош и да се обноват мировните преговори. Кери ги повика Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад да го почитуваат примирјето, предупредувајќи дека трпението на Вашингтон е при крај. - За продолжувањето на...

Продолжено примирјето во Алепо

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека за 72 часа е продолжено примирјето во северниот сириски град Алепо и во делови од покраината Латакија, јави сириската државна новинска агенција САНА. Локалното примирје во градот Алепо стапи на сила на 4 мај. Во северната провинција Латакија, првото примирје стапи на сила на 29 април, по што пропадна примирјето во западните делови на...

Кери се надева на зацврстување на примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека денеска во седиштето на Обединети нации во Женева, во тек се разговори за повторно воспоставување прекин на огнот во Сирија, особено во провинцијата Алепо, која стана главно бојно поле на граѓанската војна во таа земја. Кери, кој се состана со специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, рече дека сирискиот режим...

Примирје за Велигден во Украина

Прозападните власти во Киев и бунтовници во источниот дел од Украина вчера почнаа со примена на примирјето за Велигден. Портпаролката на украинскиот претседател на преговорите одржани под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјави дека прекинот на огнот стапува на сила од петокот на полноќ. „Договорено е таа наредба да им биде проследена на сите на теренот“, соопшти...

Ситуацијата во сирискиот град Алепо е катастрофална, предупредуваат ОН

Ситуацијата во сирискиот град Алепо е катастрофална откако десетици луѓе беа убиени во напади на повеќе цели, вклучувајќи и болница, соопштија денеска Обединетите нации (ОН). Како што соопштија денеска од организацијата „Лекари без граници“, во напад на болница во Алепо биле убиени најмалку 27 лица, додека во други напади животите ги загубиле повеќе од 30 луѓе. Како што пренесува „Би-би-си“, претставникот...

Во Алепо се убиени најмалку 20 цивили

Најмалку 20 цивили загинаа денеска во бомбардирање на бунтовничките и на режимските сили во сирискиот град Алепо. Ова е трети ден на обновени конфликти во овој град, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Оттаму соопштуваат дека во ракетниот напад на бунтовниците на делови од градот кои ги држат владините сили, убиени се шест цивили вклучувајќи и две деца. Истовремено во воздушни напади...

Обама: Нема план Б за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ги разгледуваат сите опции во случај на крах на примирјето во Сирија, но дека не гледа добра алтернатива ако се случи тоа. Претседателот на САД нагласи дека нема план Б за Сирија и го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за кршење на примирјето и за обновувањето на насилството во таа...

Обама и Путин договориле поголема координација во Сирија

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави (САД), Владимир Путин и Барак Обама, вчера телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и се договориле да ја зголемат координацијата меѓу специјалните сили и армиите на двете земји на терен, соопштил Кремљ, јавуваат светските агенции. За таа цел, како што било наведено во соопштението од Кремљ, ќе бидат развиени дополнителни мерки за...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...