fbpx

Турција обвинува дека сириската влада го прекршува примирјето

-

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја обвини сириската влада дека не го почитува договорот за прекин на огнот, кој го постигнаа Русија и САД.

Чавушоглу на новинарите во Анталија им кажал дека сириската влада го прекршила примирјето веднаш штом тоа стапи на сила во понеделникот вечерта.

Шефот на турската дипломатија изрази надеж дека сите страни ќе настојуваат примирјето да стане постојано, но дека тие напори не можат да бидат еднострани.

Турската војска претходно денеска соопшти дека бомбардирала две мети во Сирија затоа што минофрлачка бомба паднала на територија на Турџија, веднаш откако почна примирјето. Војската соопшти дека бомбата била фрлена од реон кој е под контрола на сириските сили.

Чавушоглу рече дека Турција ќе работи на воспоставување мир во Сирија, но дека ќе ја продолжи борбата против Исламска држава и сириските Курди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...