fbpx

Обама: Нема план Б за Сирија

-

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ги разгледуваат сите опции во случај на крах на примирјето во Сирија, но дека не гледа добра алтернатива ако се случи тоа.

Претседателот на САД нагласи дека нема план Б за Сирија и го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за кршење на примирјето и за обновувањето на насилството во таа земја.

Обама рече дека договорот за прекин на непријателството во Сирија се одржал повеќе отколку што било очекувано. Тој наведе дека ако дојде до прекин на примирјето, САД ќе направат сè за да го вратат на сила.

Американскиот претседател вели дека во понеделникот телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и дека му ја нагласил важноста од зачувувањето на примирјето во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...