fbpx
Таг: примирје

таг: примирје

Ново прекршување на примирјето во Нагорно-Карабах

Двајца ерменски војници се убиени во судирите во Нагорно-Карабах. И ерменската и азербејџанската страна меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето кое беше договорено на 5 април. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан гранатира воени и цивилни цели на територија на Ерменија. Азербејџан, пак, тврди дека само возвратиле откако ерменските сили ги гранатирале нивните позиции во Нагорно-Карабах. Баку и Ереван веќе со...

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права. Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди. Според директорот на центарот, Рами Абдел...

Штајнмајер: Примирјето во Сирија би било невозможно без Русија

Русија одигра важна улога во постигнувањето спогодба за примирје во Сирија, оцени германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во денешното интервју за „Функе медиа груп“. - Примирјето, обезбедувањето пристап за хуманитарната помош и почнувањето на мировните преговори во Женева, сето тоа не би било можно да се спроведе без конструктивното учество на Русија - рече Штајнмаер. Сепак, тој...

За 23 дена од примирјето во Сирија загинаа 530 лица

Вкупно 530 лица се убиени во првите 23 дена од примирјето во Сирија, во областите што се опфатени со спогодбата за прекин на непријателствата, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права. Во областите кои не се покриени со примирјето, кое стапи на сила на 27 февруари, се убиени 1.279 лица. Делумното примирје во Сирија не се однесува на Исламска држава и на...

САД го отфрлија барањето на Русија да разговараат за примирјето во Сирија

САД го отфрлија барањето на Русија за итен состанок за да се разгледува прекршувањето на спогодбата за прекин на непријателството во Сирија, со образложение дека тие прашања се „разгледуваат на конструктивен начин“. - Ги видовме медиумските извештаи за наводната руска загриженост поради прекршувањето на примирјето. Кој и да ги изнесува таквите наводи, мора да е лошо информиран затоа што тие прашања...

Русија бара состанок со САД за контрола на примирјето во Сирија

Руската војска побара итен состанок со претставниците на САД за да се договорат за начинот на контрола на примирјето во Сирија. Во соопштението се вели дека Русија ќе дејствува унилатерално ако до 22 март не добие одговор. Примирјето стапи на сила на 27 февруари и оттогаш се намалени непријателствата. Милитантите на Исламска држава и Фронтот Ал нусра, поврзан со Ал каеда, се исклучени од...

Руската војска ја напушта Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска му нареди на министерството за одбрана да започне со повлекување на руските сили од Сирија. - Задачата што им беше доверена на Министерството за одбрана и на вооружените сили е целосно исполнета, затоа наредив да се започне со повлекување на главнината на нашите сили од Сириската Арапска Република - изјави Путин по средбата министрите за...

Примирјето во Сирија се почитува

Прекинот на огнот во Сирија во голема мера се почитува, а воочени се само спорадични провокации, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. - Генерално, прекинот на огнот на територијата на Сириската Арапска Република се почитува. Можат да се воочат само спорадични провокации и гранатирања – рече Конашенков. Русија претходно соопшти дека ги запрела бомбардирањата во Сирија,...

Преговорите за политичко решение на војната во Сирија ќе продолжат на 10 март

Преговорите за политичко решение на војната во Сирија ќе продолжат на 10 март, откако еднаш беа одложени. Ова ќе бидат први преговори од стапувањето на сила на примирјето меѓу сириските власти и бунтовниците на 27 февруари. Прекинот на огнот го договорија САД и Русија со поддршка од Обединетите нации. Договорот за примирјето не се однесува на екстремистичките групи на Исламската држава како и...

Сирија ќе понуди амнестија на сите бунтовнички борци што ќе го остават оружјето

Башир ел Асад, претседателот на Сирија, во интервју за германскиот јавен сервис „А-ер-де“ рече дека е подготвен да им понуди амнестија на сите бунтовнички борци доколку се сложат да го остават оружјето. Осврнувајќи се на актуелниот прекин на огнот во Сирија, што беше постигнат со посредништво на САД и на Русија, Асад истакна дека сириските власти од нивна страна ќе...

ОН од денеска треба да почнат со испраќање хуманитарна помош во Сирија

Обединетите нации (ОН) се подготвени да почнат со доставување помош за луѓето во подрачјата што се под опсада во Сирија, пренесуваат светските медиуми. ОН сакаат да го искористат примирјето што го договорија Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, а кое стапи на сила во саботата на полноќ. Првите пратки со хуманитарна помош, според планот, треба да бидат доставени денеска. Во наредните пет...

Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата. Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, убиени се 70 џихадисти, 20...

По примирјето во Сирија, две лица загинаа, а две се повредени во самоубиствен бомбашки напад

Само неколку часа по прогласувањето примирје во Сирија, две лица загинаа, а две се повредени во самоубиствен бомбашки напад во град кој е под контрола на владините сили во централниот дел на земјата. Според претседателот Башар ал Асад, борбите треба да престанат за да може помошта да стигне до цивилите и да се отворат разговорите за ставање крај на војната...

Стапи на сила примирјето во Сирија

Денеска стапи на сила примирјето во Сирија. Набљудувачката мисија на Обединетите нации забележала само еден инцидент во Западна Сирија. Прекинот беше договорен од САД и од Русија и ќе биде набљудуван од тие две земји преку центрите во Латакиа, Вашингтон, Москва, Аман и во Женева. Од договорот за примирје исклучени се исламистичките групи Фронтот Ал нусра и Исламска држава, што предизвикува...

Околу 100 бунтовнички групи ќе го почитуваат примирјето во Сирија

Сирискиот опозициски Висок преговарачки комитет соопшти дека 97 бунтовнички групи ќе го почитуваат договорот за прекин на огнот кој треба да стапи на сила на полноќ и дека за следење на примирјето е оформен посебен воен комитет. Договор за прекин на огнот постигнаа САД и Русија, а прифатија да го почитуваат сириските власти, опозициските борбени групи, како и Турција. Прекинот на...

Асад му потврдил на Путин дека ќе го поддржи примирјето во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот претседател Башар ал Асад телефонски разговарале за кризата во Сирија и примената на договорот за прекин на огнот, кој го објавија Русија и САД, соопшти денеска Кремљ. „Разговарано е за различните аспекти на сириската криза вон светло на примена на соопштението на Русија и САД, како и копретседавачките Меѓународни групи за поддршка на Сирија,...

Кери: Имаме план Б ако не се одржи примирјето во Сирија

САД за неколку дена ќе знаат дали ќе се одржи примирјето во Сирија кое треба да стапи на сила в сабота, а ако политичките тензии не сопрат, постои план Б, рече американскиот државен секретар, Џон Кери. - Докази за тоа ќе бидат потезите во следните неколку дена. За месец или два ќе знаеме дали процесот на транзиција е навистина сериозен......

Сирија: Асад го прифаќа примирјето, а опозицијата е внимателна

Сириското министерството за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Башар ал Асад го прифаќа примирјето што го договориле САД и Русија, но режимот ќе го смета за кршење на примирјето ако некои од вооружените сили го искористат прекинот на огнот за зацврстување на своите позиции. Умерените опозициски групи на состанокот во Ријад се внимателни во врска со примирјето. Високиот преговарачки комитет соопшти дека...

Ново примирје во Украина

Украина и проруските сепаратисти се договорија за нов прекин на огнот, два дена по доаѓањето во Киев на претставникот на рускиот претседател Владимир Путин. Последното примирје е направено кон крајот на декември, а тоа овозможи значително намалување на судирите на истокот на Украина. Сепак, регистрирани се спорадични судири, во кои загинаа најмалку пет лица од почетокот на годината. Новото примирје е...

Нов конфликт во Украина, загина еден војник

Еден украински војник загинал во последните 24 часа во конфликт со проруските бунтовници на истокот на земјата, соопшти украинската војска. Како што наведуваат оттаму, тоа е петти војник што загинал во таа конфликтна зона од почетокот на годината. - Еден украински војник загина, а еден е ранет – изјави портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, кој ги обвини проруските бунтовници дека го...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...