fbpx
Таг: примирје

таг: примирје

Авганистан: Талибанците прогласија примирје поради земјотресот

Талибанците прогласија прекин на огнот во деловите на Авганистан што во понеделникот беа погодени од земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала. - Ги повикуваме нашите муџахедини да се воздржат од напади врз сите што се обидуваат да им помогнат на жртвите на земјотерсот, вклучувајќи ги тука и претставниците на Владата во Кабул - соопшти портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, додавајќи дека...

ПКК повика на прекин на огнот во Туција

Курдската работничка партија (ПКК) ги повика своите борци да ги запрат сите акции освен во случај да бидат нападнати. Политичкото крило на ПКК, чиј апел доаѓа неколку часа по нападот во Анкара во кој загинаа 30 лица и 126 беа повредени, бара борците да се воздржат од секакви акции кои би можеле негативно да се одразат на парламентарни избори во...

Дводневен прекин на огнот во сирискиот град Забадани

Дводневен прекин на огнот стапи на сила утринава во шест часот во сирискиот град Забадани и во две села во североисточната провинција Идлиб, јавија медиумите блиски до либанската група Хезболах. Хезболах, кој има поддршка од Иран, се бори во Сирија на страна на вооружените сили на земјата против бунтовниците. Либиската група склучи примирје со бунтовниците кои соработуваат со Нусра фронт. Завојуваните...

Обама и Путин разговарале на телефон

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонирал на американскиот претседател Барак Обама. Двајцата претседатели разговарале за преговорите за иранската нуклеарна програма, за ситиацијата во Сирија, како и за потребата за справување со припадниците на Исламската држава. Претседателот Обама истакнал дека треба да се одржува примирјето во Украина. Инаку, од февруари, ова е прв телефонски разговор на двајцата претседатели.

Меркел: Примирјето во Украина не се применува целосно

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ситуацијата во Украина станала помирна во периодот по постигнувањето на договорот во Минск, но предупреди дека прекинот на огнот сè уште не е целосно применет. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, на заедничката прес-конференција со Ангела Меркел во Берлин, рече дека проруските сили, кои имаат поддршка од руските војници, продолжуваат да учествуваат во борбите, иако судирите...

Заемни обвинувања за кршење на примирјето во Украина

Најмалку тројца украински војници се убиени, а пет се ранети во последното деноноќие на истокот на Украина, соопштија украинските власти, обвинувајќи ги проруските сили за кршење на примирјето. Истовремено, сепаратистите од самопрогласената Доњецка народна република го обвинија Киев дека 19 пати го прекршил примирјето во последните 24 часа. Засега нема податоци за загинати, ниту за причинета материјална штета. Со исти...

Украина: Меѓусебни обвинувања за крешење на примирјето

Украинските претставници соопштија дека проруските сепаратисти го прекршиле примирјето, гранатирајќи позиции на владините сили на исток, вклучувајќи и позиции близу Мариупољ. Портпаролот на војската, Владислав Селезњов, изјави дека мета на нападите биле силите во пределите на Донецк и на Луганск. Проруските сили, пак, ја обвинија украинската војска за кршење на примирјето. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека 64 војници загинале откако...

Украина: Сепаратистите го кршат прекинот на огнот

Украинската војска денеска соопшти дека сепаратистите, кои ги поддржува Русија, во текот на ноќта неколкупати го прекршиле прекинот на огнот. Главниот штаб на антитерористичките операции на Украина наведува дека сепаратистите 16 пати со минофрлачи и со гранати ги гаѓале позициите на владините сили во периодот од осум часот вечерта до шест часот изутринава. Според Киев, повеќето гранати биле лансирани од провинцијата...

Проруските сили повлекле 80 отсто од тешкото вооружување

Проруските сепаратисти од самопрогласената Луганска народна република соопштија дека повлекле околу 80 отсто од тешкото вооружување. Лидерот на сепаратистите од Луганск, Игор Плотницки, нагласи дека информациите можат да ги потврдат и претставници на ОБСЕ, но дека украинската војска досега има повлечено 15 до 20 отсто од оружјето.

Лавров: Киев сака да не успее договорот од Минск

Русија стравува дека многумина во Киев, но и некои надвор од Украина, сакаат мировниот договор на истокот на земјата да пропадне, рече во средата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Шефот на руската дипломатија ги повика набљудувачите на ОБСЕ да го надгледуваат повлекувањето на тешкото оружје од истокот на Украина во согласност со мировниот договор постигнат на 12 февруари...

Донецк: Проруските сепаратисти го повлекуваат тешкото оружје

Проруските сепаратисти од самопрогласената народна република Донецк денеска соопштија дека почнале да го повлекуваат тешкото оружје од првите линии на фронтот. Како што соопшти претставникот на министерството за одбрана на самопрогласената република, Едуард Басурин соопшти дека е планирано повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Донецк и на Телманово.

Тешкото оружје останува на истокот на Украина

Украинската војска соопшти дека не може да почне со повлекување на тешкото оружје од првата линија на фронтот на истокот на земјата затоа што проруските активисти не престануваат да ги напаѓаат позициите на владините сили, без разлика на постигнатиот договор за прекин на огнот. Проруските активисти во текот на претходната ноќ двапати ги гранатираа позициите на владините сили, соопшти Анатоли...

Оланд и Меркел се обидуваат да го спасат примирјето

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале со лидерите на Украина и на Русија за прекинот на огнот, кој е доведен под знак прашање поради продолжувањето на судирите околу Дебаљцево. Оланд рече дека во телефонскиот разговор со Меркел, кој го имал изутринава, било разговарано за кршењето на прекинот на огнот и за последиците од...

Украинските сили се повлекуваат од Дебаљцево

Украинските сили се повлекуваат од стратегиски важниот град Дебаљцево на истокот на Украина, соопшти член на парламентот кој го предводи баталјонот доброволци. - Повлекувањето на трупите од Дебаљцев се спроведува по план и на организиран начин. Непријателот се обидува да го пресече патот и да го спречи повлекувањето на трупите – рече Семен Семенченко. Светските агенции пренесуваат информации на проруските активисти,...

ЕУ повика да се повлече тешкото вооружување на истокот на Украина

ЕУ денеска повика да се повлече тешкото вооружување од фронтот во Источна Украина, како што е предвидено со прекинот на огнот потпишан минатата недела, додека стигаат извештаи за жестоки борби во источниот град Дебаљцев. - Уште еднаш потсетуваме дека сите страни строго треба да се придржуваат до минатонеделниот договор и без двоумење да се спроведат тие мерки – рече портпаролот...

Ракета го прекина извештајот за примирјето во Украина

Дописникот на „Би-Би-Си“ од Украина, Иан Панел, за малку ќе загинел додека известувал од уништениот аеродром во Донецк. Екипата на британската телевизија го посетила аеродромот на вториот ден од воспоставеното примирје за да го сними последиците од борбите. Во моментот кога Панел го спомнал примирјето, се слушнале експлозии, а неколку секунди подоцна ракета ја погодила зградата, на неколку десеттина метри од телевизиската екипа. https://www.youtube.com/watch?v=bVF7U8stRIU

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за напади со ракетниот систем „Град“. Завојуваните...

ОБСЕ: Примирјето не се почитува во Дебалцево и во Луганск

Прекинот на огнот на истокот на Украина, кој почна на полноќ, се почитува, освен во Дебалцево и во Луганск, каде сè уште има судири, соопшти шефот на мисијата на ОБСЕ, Ертугрул Апакан. Апакан посочи дека проруските сили не им дозволиле на набљудувачите на ОБСЕ да стигнат до опколениот град Дебалцево. Тие истакнале дека примирјето не се однесува на Дебалцево, најголемо...

Изолирани инциденти за време на прекинот на огнот во Украина

Двајца цивили загинаа на истокот на Украина веднаш откако синоќа на полноќ по локално време стапи на сила прекинот на огнот, но оттогаш не се забележани нови судири. Украинските власти соопштија дека по ракетирањето на Попасна, борбите долж целата линија на фронтот прекинале и се забележани само неколку изолирани судири меѓу проруските и украинските сили. - Веднаш по полноќ, ракети го...

Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

Дваесет и осум лица загинаа во жестоките судири во Украина, кои го одведуваат во прашање спроведувањето на мировниот договор од Минск, што треба да почне вечерва на полноќ. Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека и понатаму продолжува да разместува тешко вооружување во завојуваните зони, а Киев тврди дека е засилено гранатирањето на цивилните области. Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека бомбардирањето цивили...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...