Дводневен прекин на огнот во сирискиот град Забадани

-

Дводневен прекин на огнот стапи на сила утринава во шест часот во сирискиот град Забадани и во две села во североисточната провинција Идлиб, јавија медиумите блиски до либанската група Хезболах.

Хезболах, кој има поддршка од Иран, се бори во Сирија на страна на вооружените сили на земјата против бунтовниците. Либиската група склучи примирје со бунтовниците кои соработуваат со Нусра фронт.

Завојуваните страни повремено склучуваат локални договори за прекин на огнот за да обезбедат медицинска помош во окупираните места.

Активистичката организација, Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека во тек се проговори за повлекување на сите бунтовници од Забадани.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...