fbpx

Изолирани инциденти за време на прекинот на огнот во Украина

-

Двајца цивили загинаа на истокот на Украина веднаш откако синоќа на полноќ по локално време стапи на сила прекинот на огнот, но оттогаш не се забележани нови судири.

Украинските власти соопштија дека по ракетирањето на Попасна, борбите долж целата линија на фронтот прекинале и се забележани само неколку изолирани судири меѓу проруските и украинските сили.

– Веднаш по полноќ, ракети го погодија центарот на местото Поспана. Настрадаа двајца цивили – рече гувернерот на регионот Луганск, Генадиј Москал.

Воени извори утринава потврдија дека прекинот на огнот се почитува во Мариупољ и Дебаљцев, каде вчера се водеа жестоки борби.

Судири вчера имаше и во центарот на Донецк, каде настрадаа три лица.

Договорот за прекин на огнот во Минск, по 17 часа преговори, го постигнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Украина, Русија и на Франција, Петро Порошенко, Владимир Путин и Франсоа Оланд.

Според договорот, украинската војска и проруските бунтовници треба да го повлечат тешкото вооружување од линијата на фронтот, со што ќе се создаде тампон-зона. Повлекувањето на останатото оружје треба да почне в понеделник и ќе трае две недели.

Со спогодбата е предвидена и ревизија на украинскиот устав, со кој на подрачјата со мнозинско руско население ќе им се даде поголема автономија, а границата ќе ја контролира украинската војска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...