fbpx

Кери се надева на зацврстување на примирјето во Сирија

-

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека денеска во седиштето на Обединети нации во Женева, во тек се разговори за повторно воспоставување прекин на огнот во Сирија, особено во провинцијата Алепо, која стана главно бојно поле на граѓанската војна во таа земја.

Кери, кој се состана со специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, рече дека сирискиот режим и опозцијата придонеле за креирање хаотична ситуација во Сирија.

– Конфликтот на многу места излезе надвор од контрола. Двете страни, и опозицијата и режимот, придонесоа за овој хаос, а ние ќе ги интензивираме преговорите во наредните часови за да запре непријателството – изјави Кери.

Де Мистура треба во вторник да патува во Москва на разговори со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за повторно воспоставување на примирје во Сирија, кои стапи на сила 27 февруари.

Специјалниот претставник рече дека Русија и САД се главните иницијатори за мировниот процес во Сирија, а доколку двете земји не се договорат, малку е веројатно да се случи напредок.

Повеќе од 250 лица, меѓу кои десетина деца, загинаа во конфликтот во Алепо од 22 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...