fbpx

Во Франција трипати повеќе напади на муслимани

-

Бројот на нападите на муслимани во Франција се зголемил за трипати во 2015 година, кога џихадистите во таа земја изведоа два напади, соопшти државната комисија за човекови права.

Минатата година е забележан пораст на бројот на пријави поради закани и расистички, антисемитистички и антимуслимански напади од 1.662 дела во 2014 година, на 2.034 во 2015 година.

Најмногу се зголемил бројот на пријави за дела против муслиманите, од 133 дела во 2014 година, на 429 дела во 2015 година. Поголемиот дел се случиле по терористичките напади на 7 јануари и на 13 ноември во Париз.

Во Европа, Франција е земјата која има најмногу муслимани, четири до пет милиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.