fbpx

Русија сака ОН со резолуција да го поддржат договорот за Сирија

-

Русија сака Советот за безбедност на Обединети нации да донесе резолуција со која ќе го поддржи американско-рускиот договор за Сирија.

Ова го изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, кој рече дека веќе се разговара за таква резолуција и дека таа би можела да биде донесена во среда за време на заседавањето на Генералното собрание на ОН на кое ќе бидат присутни шефовите на дипломатиите на САД и на Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров.

– Работиме на таа резолуција. Мислам дека треба да биде донесена в среда, 21 септември – изјави рускиот амбасадор.

Според неговите зборови, резолуцијата би требало да го поддржи минатонеделниот договор кој од понеделникот овозможи примирје за доставување хуманитарна помош во Сирија.

Американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер, вчера изјави дека според договорот помеѓу САД и Русија ќе се отвори центар за координација, чија мета ќе бидат џихадистите, додека сириските сили ќе мора да се воздржат од употреба на авиони и на хеликоптери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...