fbpx

Неуспешен состанок за примирјето во Сирија

-

Меѓународниот состанок на високо ниво за кризата во Сирија во Њујорк заврши без договор за тоа како да се заживее пропаднатото примирје што претходно го договорија Русија и САД.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, рече дека неговиот руски колега, Сергеј Лавров, не бил во можност да вети приземјување на сириските бомбардери и да го запре бомбардирањето на сириските градови.

Кери, Лавров и претставници од уште 21 земја од Меѓународната група за поддршка на Сирија се сретнаа во Њујорк, каде се одржува Генералното собрание на ОН.

Кери додаде дека е подготвен денеска повторно да се сретне со Лавров, за уште еднаш да се обидат да направат нешто.

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, го опиша состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија како „долг, болен и разочарувачки“ и додаде дека сака да верува оти Русија и САД имаат сериозни намери да посредуваат во постигнувањето на мирот.

По состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН, Де Мистура оцени дека би било погрешно да се објави оти прекинот на непријателствата во Сирија е „мртов“.

Кери претходно изјави дека сегашните напори за наоѓање дипломатско решение за Сирија не може да продолжи по неуспешното примирје и соопштението дека сириската влада е во нова офанзива во Алепо.

Американскиот државен секретар додаде дека САД ќе продолжат да се залагаат за прекин на огнот, кој би можел да се постигне со преговори и оти со политичка транзиција би можело да се стави крај на петгодишната војна. Сепак, тој рече дека Вашингтон не може сам да успее во тоа и оти е потребно сириската влада и нејзиниот главен поддржувач Русија да го направа своето.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...