fbpx

Судири и пукање кај хуманитарниот коридор во Алепо

-

Во областа предвидена за хуманитарен коридор во сирискиот град Алепо, избија судири во кои се слушаат пукотници.

Сириската државна новинска агенција САНА, за нападот ги обвини „терористичките групи“.
Русија претходно објави привремен прекин на воздушните напади за да се овозможи цивилите и борците да го напуштат градот. Москва соопшти дека прекинот ќе трае најмалку до 16 часот, со можност да биде продолжен.

Сириската војска, од друга страна, истакнува дека паузата ќе трае три дена. Таа отвори осум коридори за минување на повеќе од 250.000 цивили, заробеници во областите под контрола на бунтовниците, кои сакаат да го напуштат градот.

Два коридори можат да бидат користени од бунтовниците, кои се повикани да го положат оружјето.

– Гарантираме безбедно излегување, спасете ги своите семејства – порачаа од сириската војска.
ОН сметаат дека должината на траење на паузата не е доволна за да се достави помош до жителите, кои практично од средината на јули се под постојана опсада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...