fbpx

СЈО напладне ќе изнесе детали за две нови истраги

-

Специјалното јавно обвинителство денеска ќе отвори две нови истраги. Деталите за истрагите обвинителите на СЈО ќе ги објават во 12 часот (наместо претходно најавениот термин, еден час порано) на прес-конференција во просториите на обвинителството.

Вчера обвинители и истражители од СЈО влегоа во Управата за безбедност и контраразузнавање со две судски наредби за прибирање документација поврзана со необјавената предистражна постапка за нелегалното прислушување.

– Во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите мерки што се доставени од судовите од 2008 до 2015 година и сите разговори што се снимени во тој период. Сè уште работиме на тоа. Соработката оди тешко – рече синоќа Катица Јанева.

Последната прес-конференција на СЈО беше на 28 септември, кога обвинителството отвори нова истрага наречена „Трезор“, во која осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...