Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16 отсто, за втор блок и евтина остануваат исти, за трет блок се зголемува за 2,88 отсто, а за четврт за 1,86 проценти

-

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто.

Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16 отсто, за втор блок и евтина остануваат исти, за трет блок се зголемува за 2,88 отсто, а за четврт за 1,86 проценти.

„Водејќи се од интересот на граѓаните, а имајќи го предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а со цел заштита на ранливите категории Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и со оваа одлука рефлектира решенија кои ќе го заштити стандардот на граѓаните“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, рече тој, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 отсто, втор блок за 8,62 отсто, трет блок за 9,46 проценти, четврт блок за 4,92 отсто и евтината тарифа за 15,42 отсто.

„Пониските цени за електрична енергија се резултат на конзистентна енергетска политика и реформскиот пристап на РКЕ преку воведување на блок тарифи, како и Елдорарото на инвестициите во обновливи извори со кои во државата се обезбеди нова енергија со што за само две години се зголеми инсталираниот капаците за 25%, а увозната зависност се намали за една третина со што се отвори простор за нов интервал на дневна евтина струја за домаќинствата“, изјави Бислимоски.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...