fbpx

Украинските воени сили уништиле руски десантен брод во Црното Море

Шефот на украинските воздухопловни сили изјави дека нивните воени авиони го уништиле бродот Новочеркаск, а според Сергеј Аксјонов, рускиот шеф на Крим, било убиено едно лице во нападот

-

Русија потврди дека еден од нејзините воени бродови е оштетен во Црното Море при напад на Украина, соопшти Би-би-си.

Претходно, шефот на украинските воздухопловни сили изјави дека нивните воени авиони го уништиле бродот Новочеркаск, а според Сергеј Аксјонов, рускиот шеф на Крим, било убиено едно лице во нападот.

Тој додаде дека се оштетени шест згради и дека мал број луѓе морале да бидат однесени во центрите за привремено сместување.

Истовремено, на социјалните мрежи се појавуваат снимки на кои наводно се гледа огромна експлозија во областа на пристаништето.

Крим е меѓународно признат како дел од Украина, но е под руска окупација откако беше заземен и анектиран во 2014 година.

Дополнително, Роман Костенко, секретар на парламентарната комисија за национална безбедност на Украина, при интервју со Укринформ, вели дека целта на украинските одбранбени сили во најблиската иднина е да не му дозволат на непријателот да напредува и да се нанесе максимална загуба на паѓачите.

За таа цел, на украинските одбранбени сили им се потребни проектили со долг дострел за да ги погодат руските штабови и магацини.

„Се разбира, би било одлично да имаме проектили кои би можеле да стигнат до руска територија, нивната инфраструктура и воени објекти“, нагласи Костенко.

Тој смета дека воените акции на Украина биле прилично успешни во 2023 година бидејќи војската убила стотици илјади руски напаѓачи и уништила широк опсег на непријателска воена опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...