fbpx

Обама и Путин договориле поголема координација во Сирија

-

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави (САД), Владимир Путин и Барак Обама, вчера телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и се договориле да ја зголемат координацијата меѓу специјалните сили и армиите на двете земји на терен, соопштил Кремљ, јавуваат светските агенции.

За таа цел, како што било наведено во соопштението од Кремљ, ќе бидат развиени дополнителни мерки за брз одговор во случај на прекршување на примирјето.

Кон крајот на февруари оваа година, со посредство на Вашингтон и на Москва, во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот, а во Женева почнаа и сè уште траат мировните преговори меѓу завојуваните страни.

Путин во разговорот со својот американски колега нагласил дека е потребно раздвојување на умерената опозиција од екстремистичките групи Исламска држава и Фронт Ал нусра.

Двајцата претседатели, во телефонскиот разговор, ја нагласиле важноста на мировните преговори во Женева, кои треба да придонесат за наоѓање политичко решение за ситуацијата во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...