fbpx
Таг: прес-конференција

таг: прес-конференција

Јакимовски: Одлуката на Иванов е донесена под огромен притисок

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија е крајно изненадена од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има правосилна судска одлука. - Запрепастувачки е што оваа одлука се носи во момент кога имаме нефункционална техничка влада, распуштен парламент, а со ваквата одлука претседателот...

Заев: Ова е државен удар, Иванов итно да си поднесе оставка или да се отповика

Македонијо, лицето што на криминални избори го постави Никола Груевски на чело на државата направи државен удар. Уништувајќи ја земјата, се обидува да ги спаси од криминалот тие што ѝ направија зло на сопствената земја, на сопствениот народ. Тој стана директен соучесник во злосторничкото здружение, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Тој сака парите од криминалната банда...

Заев ќе одржи прес-конференција во 23 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 23 часот ќе се обрати во седиштето на партијата, најавија од СДСМ. Обраќањето на Заев беше најавено за 19 часот, но од партијата го откажаа неколку минути откако испратија покана до новинарите. Обраќањето на Заев се случува откако спикерот Трајко Вељаноски по барање на СДСМ не сакаше да закаже итна седница за констатирање на...

Манчевски: ДИК да каже дали до 5 јуни ќе имаме веродостоен избирачки список

Со консензус ДИК констатираше дека има над 330.000 сомнителни гласачи. Тоа е најсериозна потврда дека последните неколку изборни циклуси во Македонија се нелегитимни, обвини денеска на прес-конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. „Од овие 330.000 сомнителни гласачи, 124.000 не се проверуваат воопшто. До денес ДИК не даде образложение зошто овие гласачи не се проверуваат. ДИК е должна да им објасни...

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот „Титаник“, СЈО на почетокот на февруари отвори...

Заев: Избори на 24 април не може и нема да има

Во Македонија нема услови за фер и демократски избори, а тоа вчера го потврдија и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, рече на денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека не се спроведени реформите во медиумите и не е прочистен избирачкиот список, а тоа се двата најважни услови за одржување на изборите. - Никола...

Мајор се онесвести сред прес-конференција во Пентагон

Генерал мајор на војската на САД, Џејмс Мартин Џуниор, падна во несвест за време вчерашната прес-конференцијата посветена на буџетот за фискалната 2017 година за американската авијација. Во тек била дискусија за програмата за најновите борбени авиони „ф-35“, која досега целосно не ги оправда вложените милијади долари. Засега не се знае поради што Мартин Џуниор се онесвестил, но веднаш потоа бил изнесен...

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. - Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе...

Заев: Избори на 24 април нема да има зашто дотогаш не може да се подготват

Ниту Заев, Груевски, Тачи или Ахмети, па ниту Хан не можат да кажат до кога може да се прочисти избирачкиот список. Такво нешто може да каже само Државната изборна комисија - рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Заев тврди дека на 24 април нема да се одржат избори затоа што не може да се стигне законскиот рок...

Прес-конференција на Заев во 14 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 14 часот ќе одржи прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи во седиштето на СДСМ. Од партијата не најавуваат за што точно ќе зборува лидерот на опозицијата.

Вечерва обраќање и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 20.30 часот во седиштето на СДСМ ќе даде изјава за медиумите, во која се очекува да го изнесе ставот на партијата по обраќањето на премиерот Никола Груевски, а пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на земјава. Груевски, во своето обраќање до јавноста соопшти дека утре наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,...

Полицијата го испрашувала фармерот Душко Илиевски дали сликал ниви со тутун

Фармерот од Битола, Душко Илиевски, денеска бил повикан во полиција да каже дали тој ги направил фотографиите од нивите посадени со тутун вирџинија во општина Могила, откако земјоделец од Могила поднел приватна пријава до обвинителството дека, наводно, незаконски му се снимани и фотографирани нивите. - Инспектор од битолската полиција утрово ме прашуваше да не случајно сум правел фотографии и сум...

Путин: Турција реши да им се додворува на САД

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна годишната прес-конференција во Москва пред речиси 1.400 акредитирани новинари, кои се обидуваат да го привлечат вниманието на шефот на руската држава или на неговиот портпарол за да добијат одговор на своето прашање. Путин на конференцијата го коментираше турското соборување руски авион на границата кај Сирија, јавува „Би-Би-Си“. - Шансите за подобрување на односите со Турција не...

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Заев да се бори за премиерското место

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за претседател на владата, рече на прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски. - Тоа значи дека на 24 април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Зоран Заев денеска...

Ричард Ховит утре доаѓа во Скопје

Група еврпарламентарци, предводени од Ричард Ховит, утре ќе дојдат во посета на Македонија. Предвидено е Ховит во рамките на посетата да се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. По средбата, Ховит ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата. Засега не се откриваат детали ниту, пак, за што конкретно ќе разговаараат и ќе соопштат на прес-конференцијата. Посетата на европарламентарците доаѓа во пресрет на...

Шилегов: На Груевски и на Мијалков никој не може да им помогне, ниту баџанак ниту кум

„Баџанакот на Сашо Мијалков, обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, власта во заминување го избрала за претседател на Комисијата за воедначување на казнената политика. И тоа на предлог на Марко Зврлевски. Ова е скандал сам по себе“, обвини денеска на прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. - Аргументите и доказите од проектот „Вистината за Македонија“ упатуваат во што се...

Обама се закани со нови санкции кон Кина

На прес-конференцијата што вчера ја одржа со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Барак Обама упати нови закани за воведување санкции против Кина поради наводните кибер-кражби, кои се случија и покрај нивниот претходен договор да се спречат таквите хакерски напади. – Ќе ги воведеме, како и сите други средства со кои располагаме, за да ги спречиме кибер-криминалците - рече Обама. Обама посочи...

Министерство за транспорт: СДСМ за обиколницата изнесе куп лаги

„На СДСМ не им е грижа за граѓаните, па сега ја користат и уметноста да објавуваат лаги и невистини, користејќи ја секоја ситуација за да дојдат до гласовите на граѓаните. Господинот Бочварски денеска изнесе еден куп лаги и невистини“, реагираат од Министерството за транспорт и врски на прес-конференцијата на СДСМ. - Прва лага што СДСМ ја објави е дека скопската...

СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

„Сите институции се во рацете на Никола Груевски. По девет години, уште ли мисли Груевски дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата? Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани - критичари на власта, приврзаници на опозицијата“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод...

Сеп Блатер избањат во пари

Неидентификувано лице упадна на прес-конференцијата на ФИФА и го посипа со пари сега поранешниот претседател на светската фудбалска федерација, Сеп Блатер. Обезбедувањето веднаш го отстранило лицето од прес-конференцијата, а на социјалните медиуми се појави информација дека банкнотите се лажни. Провокацијата, наводно, ја направил комичарот Сајмон Бродкин (познат како Ли Нелсон). Посрамениот Блатер изјави дека инцидентот „нема никаква поврзаност со фудбалот“. Упадот на...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...