fbpx

Заев: СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија

-

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладините медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција во Струмица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе ја дознаат граѓаните. На секој граѓанин му е јасно дека без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список, нема да има фер и демократски избори. Слободни и независни медиуми се клучна цел на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Затоа, со промена на власта СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата, заштитени од притисоци – рече Заев.

Тој нагласи дека СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија и слобода за изнесување на различни ставови.

– Одговорен уредник на медиумите во државата нема да бидат владата и владејачките партии. Радиодифузерите ќе добијат еднаков третман во насока на развивање на здрава конкуренција меѓу медиумските куќи. МРТВ, ослободена од политички и од други влијанија, ќе ја остварува улогата на вистински јавен сервис, целосно независен, непристраен и професионален, како силен идентитетски столб. Ќе ја укинеме радиодифузната такса што ја плаќаат граѓаните. Регулаторните тела, како Агенцијата за медиуми (АВМУ), ќе бидат независни, транспарантни и професионални во својата работа. Ќе ги вратиме јавните дебати како суштина на демократијата. Носителите на власта ќе имаат обврска редовно да се појавуваат на јавни дебати и на соочувања со опозицијата во медиумите. На тој начин ќе создадеме медиумски простор за непристрасно и за објективно информирање на граѓаните – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Четири неуспешни обиди да се избере претседателка на Уставен суд

Ниту една од двете кандидатки за претседателка на Уставен суд, Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева, не успеаа да добијат мнозинство од шест гласови потребни за избор на...