fbpx

УМС на ВМРО-ДПМНЕ промовираше веб-страница со сите проекти

-

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше веб-страницата www.makedonijazamladite.mk, каде младите од Република Македонија ќе можат да ги најдат сите 20 проекти за млади што досега ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и оние кои допрва ќе бидат промовирани.

– За само два месеци, ВМРО-ДПМНЕ најави 20 проекти од кои директна добробит ќе имаат младите луѓе. Ние како УМС во изминатиот период правиме трибини низ многу градови во Македонија, но како што минуваше времето, сè повеќе проекти имавме за претставување и за информирање на младите. Токму затоа денеска ја промовираме веб-страницата на која од сега сите млади ќе можат да се информираат за сите проекти што ги најави ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе ги најавува за предизборната кампања за парламентарните избори во април. На оваа апликација се наоѓаат и шесте проекти што вчера се најавени: амфитеатарот во Скупи, реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола, новите скејт-паркови и „Млади амбасадори“ – истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...