fbpx

Кери: Русија да престане со бомбардирањето во Сирија

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, побара од Русија да го прекине бомбардирањето во Сирија и да воспостави прекин на огнот во земјата.

– Русија многу директно ми навести дека е подготвена на прекин на огнот. Иранците пред два дена во Лондон потврдија дека сега ќе поддржат прекин на огнот – истакна Кери. Тој додаде дека набргу ќе биде јасно кој колку е сериозен.

Кери ја обвини руската армија дека користи ненаведувачки бомби кои не се прецизни, поради што има голем број цивилни жртви, меѓу кои жени и деца.

– Руските авиони, исто така, гаѓаат болници и се враќаат да ги бомбардираат луѓето кои ги спасуваат повредените во претходните воздушни напади. Тоа мора да престане – нагласи Кери.

Тој додаде дека Русија имала конструктивни идеи за примена на прекин на огнот во Сирија, но оти тоа би биле само „празни зборови“ ако продолжи воздушната кампања на руската армија.

Вашингтон ја обвинува Москва дека делумно е одговорна за пропаѓањето на мировните договори кои почнаа неделава во Женева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...