fbpx

Полицијата го испрашувала фармерот Душко Илиевски дали сликал ниви со тутун

-

Фармерот од Битола, Душко Илиевски, денеска бил повикан во полиција да каже дали тој ги направил фотографиите од нивите посадени со тутун вирџинија во општина Могила, откако земјоделец од Могила поднел приватна пријава до обвинителството дека, наводно, незаконски му се снимани и фотографирани нивите.

– Инспектор од битолската полиција утрово ме прашуваше да не случајно сум правел фотографии и сум снимал во нивите со тутун во Могила. Јас му кажав дека не сум ниту фотограф ниту снимател. Потоа, како да сум малоумен, ме прашуваше да не сум правел пејсажи во Могила. Јас му кажав дека не сум уметник – вели Илиевски.

Лани во септември, потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, излезе на прес-конференција на која обвини дека во ниви во општина Могила на десетици хектари се сади крупнолисен тутун вирџинија спротивно на законот, притоа покажувајќи две фотографии од нивите со забранетиот тутун.

Според информации на Илиевски, земјоделецот од Могила кој, наводно, ги поседувал нивите со недозволениот тутун, бил вработен во Министерството за земјоделство во Битола. Инаку, Илиевски вели дека ова полициско распрашување е политички притисок врз него како активист на СДСМ и член на комисијата за земјоделство.

– Сликите од нивите со тутунот ги објави Кирацовски и него треба да го прашаат од каде му се фотографиите, а не мене – вели Илиевски.

Фармерот, неговит брат и татко им пред пет години, дванаесет дена поминаа во притвор за наводно садење марихуана во нивната нива. Судот покажа дека фармерите немаат никаква вина за дивиот коноп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...