fbpx

Путин: Турција реши да им се додворува на САД

-

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна годишната прес-конференција во Москва пред речиси 1.400 акредитирани новинари, кои се обидуваат да го привлечат вниманието на шефот на руската држава или на неговиот портпарол за да добијат одговор на своето прашање.
Путин на конференцијата го коментираше турското соборување руски авион на границата кај Сирија, јавува „Би-Би-Си“.

– Шансите за подобрување на односите со Турција не се перспективни. Турција одлучи да ги полиже Американците на едно место – порача Путин.

Минатогодишната, 10. по ред годишна прес-конференција на Путин траеше повеќе од три часа.

Политичките аналитичари сметаат дека Путин нема да избегнува непријатни прашања.

Имајќи го предвид бројот на новинарите, Путин годинава би можел да го урне рекордот од 2008 година според бројот на поставени прашања. Тогаш Путин одговори на 106 прашања, а прес-конференцијата траеше четири часа и 40 минути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...