fbpx

МВР вчера издало потврди на 3.291 мигрант

-

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало вкупно 3.291 потврда на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од нив најбројни биле државјаните на Сирија – 1.451, на Авганистан – 962 и на Ирак – 878.

Од 19 јуни до денеска, издадени се вкупно 345.211 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...