fbpx

Шилегов: На Груевски и на Мијалков никој не може да им помогне, ниту баџанак ниту кум

-

„Баџанакот на Сашо Мијалков, обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, власта во заминување го избрала за претседател на Комисијата за воедначување на казнената политика. И тоа на предлог на Марко Зврлевски. Ова е скандал сам по себе“, обвини денеска на прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

– Аргументите и доказите од проектот „Вистината за Македонија“ упатуваат во што се вмешани Илиевски и Зврлевски. Затоа и се формираше Специјално јавно обвинителство, кое ќе постапува во однос на криминалот од содржината на прислушуваниот материјал. Затоа баџанакот на Мијалков, Илиевски, нема никакво морално право ниту кредибилитет ниту за професијата што не ја извршува ниту, пак, за воедначување на казнената политика – вели Шилегов

Како што изјави портпаролот на СДСМ, овој потег го покажува стравот од соочување со одговорноста за сè што направиле во изминатите девет и пол години.

– На Груевски и на Мијалков никој не може да им помогне, ниту баџанак ниту кум – додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.